На 29 август 2009 година, кога Црквата го слави споменот на Неракотворниот Лик на Господ Исус Христос и свети Јоаким Осоговски, во манастирот на свети Пантелејмон и свети Климент на Плаошник се служеше архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, ВО ЦРКВАТА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - КАМЕНСКО“ ВО ОХРИД
На 28 август 2009 година, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во црквата "Успение на Пресвета Богородица - Каменско" во Охрид се служеше архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од охридското архиерејско намесништво. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое ви го пренесуваме во целост.
url clone | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE
ПРАЗНИКОТ ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО ВО МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА ВО КИЧЕВО
На 19 август 2009 година, во манастирот Пресвета Богородица – Пречиста во Кичево, по повод празникот Преображение Христово се отслужи света божествена архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Верниот народ кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христови. После завршувањето на божествената Литургија, Владиката и свештенослужителите го благословија новиот лозов плод. Кон верниот народ Владиката се обрати со пригодно слово кое ви го пренесеуваме во целост.
СЛУЖБА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ И СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН
Празникот посветен на свети Климент и свети Пантелејмон најсвечено се прослави во истоимениот манастир на Плаошник во Охрид. Празнувањето започна со служење на празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од Охрид. По вечерната богослужба се служеше и молебен пред моштите на свети Климент, Охридскиот чудотворец, после што Митрополитот Тимотеј произнесе празнично слово, кое во целост ви го пренесуваме:
Nike Sneakers | NIKE HOMMEСВЕТА ЛИТУРГИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ „СВЕТА ПЕТКА РИМЈАНКА“
По повод празникот на света Параскева − Петка Римјанка, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, протоереј Сашо Богданоски, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, служеше во манастирот „Света Параскева − Петка Римјанка“ во село Оровник, Охридско. Повод за тоа беше осветувањето на фрескоживописот на манастирската црква после што се служеше и света архиерејска Литургија.
bridgemedia | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106