На 14.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. мч-ци. Акиндин, Пигасиј, Автониј и други, во храмот "Св. пророк Илија" во Квинбијан, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Ѓорѓи Митев, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

На 13.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. бесребреници Козма и Дамјан и на св. Јаков Костурски, во храмот "Св. Климент Охридски" во Канбера, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Радојчо Митрев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј го произведе свештеникот Радојчо во протоерејски чин, а по завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

На 12.11.2023 година, во 23 Недела по Педесетница и на празникот на св. ап. Клеопа и на св. мч- ци. Зиновиј и Зиновија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештеникот Горан Божиновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот "Св. вм_чка. Недела" во Голд Кост, Квинсленд, Австралија. По осветувањето на храмот, беше отслужена света архиерејска Литургија, а на крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

На 10.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. мч-чка Анастасија Римјанка, во храмот "Пресвета Богородица" во Бризбан, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештеникот Горан Божиновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое упати поздрав до нашиот верен народ во овој град, со повик секогаш да се стремат да го изберат тесниот, но единствениот вистински пат.

Повеќе...

На 09.11.2023 година, во просториите на културниот центар при црквата "Св. вмч, Димитриј Солунски" во Волонгонг, Австралија, беше одржано редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија. На собранието, според дневниот ред, Митрополитот Тимотеј даде извештај за изминатите години од 2019 до 2023 година, потоа беше разгледан и прифатен финансискиот извештај на Епархијата, беа избрани нови членови на телата и органите на Епархијата, а беа разгледани и повеќе прашања од животот на Епархијата.

Повеќе...
Страница 23 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2