„Непрестајно, како гласот на оној кој вика (во пустината), моли Го Избавителот на светот, Крстителу, да ја разреши неплодноста духовна, на оние кои го воспеваат твоето раѓање“ (песна од канонот на Утрена на празникот Рождество на св. Јован Крстител).

 

На 07.07.2022 година, торжествено беше прославен денот кога го прославуваме Рождеството на славниот пророк, претеча и Крстител Јован - Иванден, во манастирот „Св. Јова Крстител - Бигорски“. Празнувањето започна со пет нови монашења, пет нови подвижници, кои доброволно се откажаа од светот, за да Му служат на Бога. Имено, искушениците Драги Златковски, Џанго Котевски, Филип Гула, Анѓел Јовановски и Глигорчо Пуреовски го примија монашкиот потстриг од нашиот духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и ги добија имињата (според наведениот ред): Јоаникиј, Јоаким, Филип, Ангелариј и Григориј. Откако заврши чинот на монашењето, кон нив и кон верните Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто ќе ви ја пренесеме во посебна објава.

Повеќе...

„Како помошник на јерархот Климента, божествениот Наум дојде меѓу народот македонски, и го просвети со светлината на проповедањето. Затоа сега со него се прославува“ (песна од канонот на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец).

 

Нашиот преподобен Наум, нашиот заштитник кој бдее над водите од прекрасното Охридско Езеро, и оваа година беше прославен со најторжествени песнопенија и поклоненија, принесени од неизбројниот верен народ, кој дојде од сите страни во Светинаумовиот манастир за да му се поклони на Чудотворецот, чии чудеса и денеска немаат број. Празнувањето на нашиот молитвеник Наум започна на 02.07.2022 година, со Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Александар Димоски, еромонасите Ефросиниј и Анатолиј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.

По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе. (Јн. 13, 34-35) 

По Божјата милост и благослов, како и со застапништвото на светиот Климент Охридскиот Чудотворец и светиот Сава Српски, по долги години искушенија за двете цркви - Македонската православна црква - Охридска архиепископија и Српската православна црква, дојде времето да го покажеме на дело исполнувањето на Новата Христова безвремена заповед. По молитвите и заложбите на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и на Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, како и по снисходењето и молитвите на членовите на Синодите на двете сестрински цркви, Господ даде по долги години браќата кои никогаш и реално не се оддалечија, сега повторно да го возобноват мирот што Господ ни го остави преку Своите свети апостоли и ученици. А кога браќата се љубат помеѓу себе, тие и не сакаат за долго да бидат оддалечени еден од друг, туку заеднички да пребиваат во љубовта Христова, заеднички величајќи го Неговото Име. Во овој евангелски дух, на 20 и 21 јуни 2022 година, се случи и посетата на Патријархот Српски г.г. Порфириј на нашите древни светињи, изградени покрај водите на прекрасното Охридско Езеро. 

Повеќе...

„Мноштвото свети, зрачејќи со божествениот сјај на Сонцето со тројна светлина, богословат за Тричислената Единица, беспочетниот Отец, и доброчесниот Син, и Светиот Дух“ (песна од канонот на Утрена во Неделата на Сите светии).

 

На 19.06.2022 година, во Неделата на Сите светии, во манастирот „Сите светии“ („Сисвети“) во с. Лешани, Дебарца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сосолужение на архимандритот Нектариј, еромонахот Вартоломеј, старешина на манастирот, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. 

Повеќе...
Страница 50 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2