„Тебе, Творецот на сѐ и Бога, гледајќи Те на крстот, Христе, онаа која бессемено Те родила, горко викаше: Сине мој, каде зајде Твојата убавина! Не можам да гледам како Те распнуваат неправедно: но, побрзај, стани, за да го видам и јас Твоето тридневно од мртвите воскресение“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Светиот и велик петок).

 

На 22.04.2022 година, во Светиот и велик петок - наутро, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беа отслужени царските часови и Вечерна богослужба, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. на Вечерната богослужба, според типикот на нашата света Црква, беше изнесена и Плаштаницата, која ја симболизира онаа чиста плаштаница во кое било завиткано Телото на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. 

Повеќе...

„Малку зборови кажа разбојникот на крстот, но неговата вера беше голема; за еден миг се спаси и прв влезе низ рајската врата: Господи, Кој го прими неговото покајание, слава Ти“ (четиринаесетти антифон на Утрена на Велики петок).

 

На 21.04.2022 година, во Светиот и велик четврток вечерта, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба со читање на Дванаесетте страдални Евангелија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Утрената богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува: и Он, безгрешниот, доброволно прима сѐ, за да им дарува на сите воскресение од мртвите“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Светиот и велик Четврток).

 

На 21.04.2022 година, во Светиот и велик четврток наутро, во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Петар, Тимотеј, Агатангел, Иларион, Јосиф и Григориј, епископите Климент, Јаков и Партениј, поранешниот Митрополит Јосиф, и на повеќе свештенослужители од нашата света Македонска црква. На Литургијата беше извршен и чинот на Осветување на свето Миро, а по завршувањето на Литургијата, Архиепископот Стефан се обрати кон верниот народ со пригодна беседа. 

Повеќе...

„Блудницата ги пружи косите свои пред Тебе, Господи, а Јуда ги пружи рацете пред беззакониците: таа - за да прими простување, а тој - за да земе сребреници. Затоа Тебе, продадениот и Кој нас нѐ ослободи, Ти викаме: Господи, слава Ти“ (стихира на Господи повикав... во Светата и велика среда).

 

На 20.04.2022 година, во Светата и велика среда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Сашо Ристески, Димче Азески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Како ќе влезам јас, недостојниот, во светлината на Твоите светии, оти, ако се осмелам да влезам во брачната одаја, облеката ќе ме разобличи, затоа што не е свадбена, и врзан ќе бидам исфрлен од ангелите. Господи, очисти ја скверноста на мојата душа и, како Човекољубец, спаси ме“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Светиот и Велик вторник).

 

На 19.04.2022 година, во Светиот и Велик вторник, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 54 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2