„Мислам на денот страшен, и плачам поради моите лукави дела: како ќењ Му одговорам на бесмртниот Цар! Со каква смелост ќе Го погледнам Судијата, блудниот јас! Милосрден Оче, Сине Единороден, Духу Свети, помилуј ме“ (седален на Утрена во Месопусна недела).

 

На 27.02.2022 година, во Месопусната недела и на празникот Упокоение на свети Кирил Солунски и на преп. Авксентиј Витински, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Марко Спасовски и Драган Шуминоски. Овој ден ќе остане засекогаш забележан во меморијата на ѓаконот Драган Шуминоски, кој на светата Литургија беше ракоположен во свештенички чин од раката на Митрополитот Тимотеј. На отец Драган му го честитаме свештеничкиот чин и се молиме на Господа да го зачува со бел образ преку правилното раководење на паствата што ќе му биде доверена. По завршувањето на Литургијата, протоерејот-ставрофор Сашо Богданоски, старешина на храмот, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово.

Повеќе...

„Откако се удостои со благодатта на свештенството, славен Харалампие, светло си ја украсил Црквата со божественото страдање, што храбро си го примил заради Христа радувајќи се, чесен светилнику на вселената, кој, како непобедлив, ги озаруваш нејзиите краишта“ (кондак на Утрена на св. мч. Харалампиј).

 

На 23.02.2022 година, денот кога го празнуваме споменот на светиот маченик Харалампиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Оливер Димитров, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. На денешниот ден на маченикот, Митрополитот Тимотеј го ракоположи во ѓаконски чин дипломираниот богослов Драган Шуминоски. Од името на Митрополитот, свештенството, монаштвото и сите верни чеда на нашата Епархија, му го честитаме чинот на Драган, со молитви кон Севишниот Он да го упатува по стапките на Неговите заповеди. По завршувањето на Литургијата, беше благословен медот, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците си пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Ти, Кој слезе на земјата да го спсиш светот, со доброволното Твое сиромаштво, поради големата Твоја милост, мене осиромашениот сега од секое добро дело, како милостив, спаси ме“ (песна од канонот на Утрена во Неделата на блудниот син).

 

На 20.02.2022 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на светиот Партениј Лампсакиски, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Доситеј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Макариј, Еразмо, Ефросиниј, Кирил и Анатолиј, свештениците Миле Ангелоски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. Повод за овој наш собир во Бигорскиот манастир беше и именденот на Епископот Партениј, игумен на манастирот, а во оваа прилика му го честитаме од името на нашиот Митрополит, свештенството, монаштвото и сите верни чеда на нашата Епархија. Епископот Партениј, во знак на благодарност и молитвеното застапништво на Митрополитот Тимотеј во изминатите 27 години, го дарува Митрополитот со прекрасен пасхален енколпион. На самиот крај, од името на монасите во Бигорската обител, архимандритот Доситеј му подари прекрасна митра на Епископот Партениј, а подароци му дадоа и повеќе верници. Во продолжение ви ја пренесуваме бесдата на Митрополитот Тимотеј.

Повеќе...

На 16.02.2022 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија, под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На состанокот беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2021 година, а беше усвоен и Предлог буџетот на Епархијата за 2022 година. Исто така, беа разгледани повеќе прашања од тековниот живот на Епархијата. На состанокот присуствуваа сите членови, и тоа:

  • архимандрит Нектариј (Најдоски)
  • протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
  • протоереј Васко Голабоски
  • Д-р Светослав Маџаров
  • Д-р Сашо Цветковски
  • Г-дин Перо Спасески и
  • протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство на секретар на ЕУО на ДКЕ и записничар на состанокот.
Повеќе...

„Раширени небеса, разумно веселете се; и земјо, радувај се, зашто Христос, откако излезе од Божествената утроба како уметник, од Мајка Дева се принесува на Отецот како дете, зашто славно се прослави“ (песна од канонот на Утрена на празникот Сретение на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос).

 

На 15.02.2022 година, денот кога го прославува Господовиот празник на Сретението на Господа наш Исуса Христа, во параклисот посветен на преподобните Пречистански маченици, во манастирот „Пресвета Богородица“ - Пречиста во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Макариј, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...
Страница 58 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2