На 15.05.2013 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Атанасиј Велики, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“  во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

latest Nike release | Nike

Повеќе...

На 12.05.2013 година, во посета на Дебарско-кичевската епархија беше гостинот од Руската православна црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тамбовски и Расказовски г. Теодосиј. Негов домаќин беше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој најпрво го пречека ценетиот гостин во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“. По осветувањето на новата камбана во манастирот, Митрополитите допатуваа во Охрид, каде го посетија катедралниот храм „Св. Софија“ и храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, а потоа го посетија и Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија. По краток одмор, гостите се упатија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде се поклонија на моштите на светиот Климент Охридскиот Чудотворец. На крајот, сите заедно отидоа во едно од нашите најголеми духовни светилишта, манастирот „Св. Наум Охридски“, каде се поклонија на гробот на преподобниот и ја завршија својата посета.

best Running shoes brand | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

Повеќе...

„Дево Богородице, излеј ја врз мене благодатта на зборот, за да те воспеам како извор на кој на верните им врие живот и благодат, бидејќи од тебе истече Словото ипостасно“ (песна од Канонот на Светли Петок).

На ден 10.05.2013 година, на Светли Петок, односно денот посветен на споменот на Обновувањето на храмот на Пресвета Богородица, наречен Живоносен Извор, како и чудесата што се случиле во него, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...

„Господи, жените мироносици трчаа кон гробот да Те видат Тебе – Христа, Кој заради нас пострада. И, кога пристигнаа, најдоа ангел седнат на каменот од страв тргнат, и повика кон нив, велејќи: Воскресна Господ! Кажете им на учениците дека воскресна од мртвите Оној што ги спасува душите наши“ (хвалитна стихира на Утрена на Светли Четврток).

Според традицијата во нашата епархија, и овој Светли Четврток, на ден 09.05.2013 година, во манастирот „Св. Јован Богослов“ – Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач.

Христос воскресе!

latest Running Sneakers | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping

Повеќе...

Воскресението е основата врз која почива христијанството, силата со која смртта и адот беа победени. Радоста на Воскресението Христово најпрво беше објавена од непосредните ученици Христови и од Неговите следбеници, на кои Воскреснатиот Сам им се јави и тие Го видоа и посведочија дека Он е жив. Таа, пак, радост, постојано се пренесува од генерација во генерација, и сведочи за Божјата сила и власт. Најдобрите и најсилните свидетели се неизбројните маченици, кои со силата на крстот и Воскресението, доброволно и со радост одеа во забите на ѕверовите и застануваа под рацете на џелатите. Не залудно и светите отци рекле: „Мачениците се семето од кое израсна Црквата Христова“. Еден од столбовите на светата Црква е и светиот великомаченик Ѓорѓи, чиј спомен го прославивме на вториот ден од Воскресението Христово. Според утврдената вековна традиција во градот Струга, на 07.05.2013 година, денот по Ѓурѓовден, продолжи прославувањето на великиот маченик.

Running Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...
Страница 211 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1