„Ни глад, ниту беда, ни живот, ниту смрт, можат да те разделат од љубовта на твојот Владика, преславен, зашто не си го отфрлил стружењето на телото и запалениот оган, Еразмо, бидејќи роса од небото разладуваше околу тебе кога страдаше, давајќи ти венци за твоите маки“ (стиховна стихира од вечерна на св. Еразмо Охридски).

Св. Еразмо Охридски е навистина преславен и препрославен насекаде низ светот, како на Исток, така и на Запад. Но, неговиот култ е особено голем тука во Охрид, каде овој голем чудотворец обитавал, се подвизувал и поучувал. Затоа и прославувањето на неговиот спомен е навистина торжествено. Празнувањето започна со свечена вечерна богослужба во манастирот каде престојувал св. Еразмо. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Кирил Јованоски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Дека култот на св. Еразмо е многу голем, потврдија и многуте верници, кои неуморно чекаа во долги редици, само за да влезат и да се поклонат во храмот во кој светиот служел и се молел.

Sports News | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...

„Како првини на природата, Засадителу на тварта, вселената Ти ги принесува, Господи, Твоите богоносни маченици. По нивните молитви, Многумилостиве, во длабок мир запази ја Црквата Твоја и народот Твој, преку Богородица“ (кондак на Недела на Сите Светии).

Во неделата после Педесетница го прославуваме споменот на Сите Светии, кои живееле по целиот свет. Сите овие светии се подвизавале заради Христос, а светата Црква ги празнува токму после слегувањето на Светиот Дух, за да покаже дека тие се осветени од Него и дека им е вратено поранешното ангелско достоинство.

Nike air jordan Sneakers | Mens Flynit Trainers

Повеќе...

Поради големината на Светиот Дух, Кој е Еден од Светата Троица, светите отци сметале за сходно, празникот на Педесетницата да го поделат на два. Токму затоа, во синаксарот на службата во понеделникот после Духовден, Светата Црква зборува и Го празнува Сесветиот и Животворен Дух. По молитвите на светите апостоли, нека дојде и на нас Светиот Дух и нека нè утеши и успокои.  

На овој ден, 04.06.2012 година, според нашата утврдена локална традиција, света архиерејска Литургија беше отслужена во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј Игор Никовски, свештениците Кирил Јованоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј им се обрати на верните со пригодно слово, а отец Игор Никовски им подели нафора.

short url link | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...

„Ја видовме вистинската Светлина, Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на Троица неразделна и се поклонуваме, зашто Таа нè спаси нас“ (стиховна стихира од вечерна на Педесетница).

Во осмата недела по Пасха ја празнуваме светата Педесетница. Прославувајќи го овој свет празник, Го примаме Светиот Дух, Кој нè упатува на секоја вистина и ни го дава законот. Овој празник е исполнување на ветувањето на Спасителот дека нема да ги остави Своите ученици сами и дека ќе им Го испрати Светиот Дух. Овој ден, всушност претставува раѓање на Црквата, која е Тело Христово и кораб, во кој многумина наоѓаат мир и спасение. Затоа „Сесвети Духу, Кој исходиш од Отецот, и преку Синот дојде врз неписмените ученици, спаси ги оние што Тебе како Бог Те познаа, и сите помилуј ги“.

Nike Sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

Повеќе...

„Богомудри Кириле и Методиј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души“ (тропар на свети Кирил и Методиј).

Светите сесловенски учители и просветители Кирил и Методиј се исклучително значајни личности во животот на Црквата, но особено за сите словенски народи. Знаејќи го нивното потекло и нивното значење за македонскиот народ, посетата на гробот на свети Кирил за нас е чест, но и обврска која не смее да биде никогаш заборавена. Токму затоа, како и многу години наназад, делегација на Македонската православна црква, заедно со државната делегација го посетија Рим, градот каде светиот Кирил во 869 година го остави своето тело, долго измачувано заради неговите заложби за рамноправност на словенскиот јазик.

buy footwear | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG
Повеќе...
Страница 228 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1