Прославувањето во чест на св. вмч. Георгиј не запре само на денот кога го прославуваме овој храбар војник Христов. Според утврдената вековна традиција во градот Струга, на 07.05.2012 година, денот после Ѓурѓовден, продолжи торжествувањето на славниот светител. Утрото, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереите Темелко Донески, Митре Попоски и Игор Никовски, свештеникот Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски.

Buy Sneakers | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

Повеќе...

„Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“ (тропар на св. вмч. Георгиј).

На ден 06.05.2012 година го прославивме споменот на св. вмч. Георгиј Победоносец, голем маченик за верата во Христа, чиј култ, на нашиве простори, е особено распространет. Празнувањето започна со Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебарско, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф, свештеникот Благоја Спироски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Мнозина дојдоа во овој наш свет манастир за да се поклонат на моштите на овој прекрасен страдалник, а кон нив со пригодно слово се обрати Митрополитот Тимотеј.

Христос воскресе!

trace affiliate link | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...

Почитувани православни верници,

По повод Славата и Празникот „Св. Ѓорѓи“ - Ѓурѓовден, соборниот храм „Св. Ѓорѓи“ -  Струга на ден 07.05.2012 година, (понеделник), ја организира традиционалната литија - ордија.

Богослужението започнува во 16 часот со свечен дочек на моштите на „св. Георгиј“ од истоимениот манастир во Рајчица, а во 17 часот започнува литија со носење на светите мошти и чудотворната икона на св. Ѓорѓи низ улиците на Струга.

Со светата богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, кој и ќе ја предводи свечената литија заедно со свештенсвото и монаштвото на Бигорската обител.

Од Канцеларијата на Дебарско-Кичевска Епархија

latest Running | Sneakers
Повеќе...

„Со љубопитната десница, Тома ги испита Твоите живодателни ребра, Христе Боже, кога си влегол низ заклучените врати, и со другите ученици викаше: Ти си мојот Господ и Бог“ (кондак на Томина недела).

На ден 22.04.2012 година, ја прославивме Неделата по Пасха, или уште позната како Томина недела, бидејќи го празнуваме и споменот на сведоштвото Томино за Воскресението Христово. На овој празник беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Сашо Ристески и Горан Ставрески и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните.

buy shoes | balerínky

Повеќе...

На ден 20.04.2012 година, го прославивме споменот на обновувањето на храмот, кој се наоѓа над чудотворниот извор, посветен на Пресвета Богородица во Цариград, од чија вода многумина добиле исцеление. На овој ден, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше извршена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Никола Христоски се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Running sport media | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

Повеќе...
Страница 229 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1