„На небесата носен на престолот, а на земјата – на осле, Христе Боже, си ја примил похвалата од ангелите и песната од децата, кои Ти викаат: Благословен си Ти, Кој доаѓаш да го повикаш Адама“ (кондак на Цветници).

Шестата недела од Великиот пост се нарекува Цветна недела (Цветници), а во овој ден го прославуваме доаѓањето на аншиот Спасител, Господ Исус Христос, во Ерусалим, Кој качен на осле, доаѓа да пострада на Крст и да ги земе гревовите на светот врз Себе.

Sneakers Store | Sneakers

Повеќе...

„Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радувај се Благодатна, Господ е со тебе!“ (тропар на Благовештение)

Со објавувањето на благата вест за доаѓањето на Спасителот започнува домостројот на спасението на човечкиот род. И токму затоа светата Црква, уште од почетокот, сведочела за спасението и за Спасителот, за Оној Кој повторно го соедини паднатиот во грев човечки род со Бога.

Running sneakers | Nike Shoes

Повеќе...

„Агницата Христова и ќерка, со песни да ја прославиме сега, Марија вечно споменуваната, која се покажа како египетска овца, и сета нивна прелест ја избегна, и како единствен совршен цвет на Црквата се принесе, со воздржување и молитва над мерата на човечката природа. Затоа единствениот Седржител ги возвиси и животот и делата на Марија преславната“ (икос на преподобна Марија Египетска).

Петтата недела од Великиот пост е посветена на преподобната Марија Египетска. Најпрво голема грешница, а после неовенлив цвет на пустината, подвижничка која го надминува секој дотогашен подвиг. Таа е пример за вистинско покајание и навистина, Црквата со право ја посветува оваа недела на Преподобната.

Best Nike Sneakers | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG

Повеќе...

„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото – посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!“ (Кондак 13 на Акатист на Пресвета Богородица)

Саботата, односно петок навечер, од петтата седмица на Великиот пост, според Уставот на православната Црква, е ден во кој се чита целиот Акатист на Пресвета Богородица, со сите негови кондаци и икоси. Мајката на Спасителот, ја молиме да стане и наша Мајка и секогаш да биде наша застапница пред Бога, а особено во овие великопосни денови, кога нашите души и тела се целосно насочени кон Царството Небесно.

Sports News | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Повеќе...

На ден 27.03.2012 година, во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Горни Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско Кичевски г. Тимотеј, а во сослужение на еромонасите Прохор и Јосиф и ѓаконот Васко Голабоски. Литургијата беше отслужена на денот кога го празнуваме споменот на преподобен Бенедикт Нурсиски, а во чест на именденот на монах Бенедикт, старешина на манастирот. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач.

Asics footwear | Nike

Повеќе...
Страница 232 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1