На 06.03.2011 година, на празникот Прочка, во црквата „Св. Богородица -Каменско“ во Охрид, беше отслужена вечерна богослужба на која богослужеа неговото високопреподобие архимандрит Нектариј (Најдоски), протојереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. На богослужбата присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и повеќе свештеници од нашата епархија и многуброен верен народ. Со благослов на нашиот Митрополит, старешината на храмот „Св. Богородица – Каменско“, свештеник Димче Азески, се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, а потоа сите верници зедоа благослов од Владиката и свештениците и си побараа прошка еден со друг.
Nike sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp