По повод одбележувањето на Јубилејот „1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски Чудотворец“  на ден 22 декември 2010 година, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид се одржа свечена духовна академија, организирана од Собранието на Република Македонија. Академијата ја отвори протоѓакон Ратомир Гроздановски, професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а свои поздравни говори имаа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска. За прекрасниот духовен амбиент се погрижи хорот „Св. Злата Мегленска“ од Скопје. На свеченоста беа присутни и Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, потпретседателот на Владата на Р. Македонија задолжен за европски прашања г. Васко Наумовски, градоначалникот на град Охрид г. Александар Петрески, деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје протоереј-ставрофор Александар Гиревски, пратеници од Собранието на Р. Македонија, членови на Советот на град Охрид, претставници од Армијата на Р. Македонија, како и други гости.

Asics shoes | Nike - Shoes & Sportswear Clothing
Повеќе...

На  19.12.2010 година, денот кога го прославуваме светиот Никола Архиепископ Мирликиски Чудотворец, во црквата „Св. Никола Геракомија“ во Охрид се отслужи света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на повеќе свештенослужители. Многуброен верен народ дојде да му оддаде чест на великиот светител Никола, да се поклони пред моштите на св. Марина и св. Јован Владимир, а оние кои се подготвувале за света Причест, пристапија кон светиот Путир и се причестија со Телото и Крвта Христови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј го прекрши празничниот колач и одржа пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост:

Running Sneakers Store | Air Jordan Release Dates Calendar

Повеќе...

На ден 18.12.2010 година, на празникот на св. Нектариј Битолски, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен Јосиф, јеромонах Григориј, свештеник Игор Никовски и ѓакон Васко Голабоски. Претходниот ден Митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше и на вечерната богослужба и го прекрши празничниот колач, а во чест на именденот на игуменот на манастирот „Св. Наум“, Неговото Високопреподобие архимандритот Нектариј.

jordan release date | Nike Shoes

Повеќе...

По повод одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, а по покана на деканатот на Факултетот,
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј учествуваше на свеченоста што се одржа на ден 09.12.2010 година во аулата на Факултетот. После поздравниот говор на деканот на Факултетот, Проф. д-р Сашо Коруновски и на ректорот на Универзитетот Проф. д-р Златко Жоглев, како и на претставникот од Владата на Република Македонија и евроамбасадорот Ерван Фуере, беа доделени плакети и благодарници.  На Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј му беше врачена плакета за успешна соработка и придонес во развојот на Факултетот. Митрополитот Тимотеј се заблагодари за честа која му беше укажана и им посака и понатамошна успешна работа.

Running sports | 【国内4月24日発売予定】ナイキ ウィメンズ エア アクア リフト 全2色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...

На  09.12.2010 година, денот кога го чествуваме празникот на св. вмч. Ѓорѓи, се отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќе свештенослужители. На крајот од Литургијата, Митрополитот Тимотеј со пригодно слово му се обрати на многубројниот верен народ.

Mysneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...
Страница 256 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1