Во петтата недела од Великиот пост, недела посветена на преподобна Марија Египетска, во црквата „Св. Никола - Геракомија“ во Охрид се служеше света Василиева Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Верниот народ кој се подготвувал со пост и молитва, пристапи кон светиот Путир причестувакќи се со Телото и Крвта Христови. Кон верниот народ, Владиката г. Тимотеј се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.
bridgemedia | Women's Designer Sneakers - Luxury ShoppingНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ЦРКВАТА „СВЕТА БОГОРОДИЦА- КАМЕНСКО“ ВО ОХРИД
На 19 март 2010 година, петта недела од Великиот пост, во црквата „Света Богородица- Каменско“ во Охрид, со почеток во 16 часот, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на парохиските свештеници служеше Акатист кон Пресвета Богородица. Согласно Цариградската типик, Акатист кон Пресвета Богородица за време на Великиот пост се служи првите четири петоци, и во секој од петоците се отслужува по една статија од Акатистот, кој е поделен на четири статии во рамките на Канонот, додека, пак, во петтата недела од Великиот пост се служи целиот Акатист.
Running sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ
На 14. III 2010 година, четврта недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј чиноначалствуваше со светата, божествена архиерејска Литургија во црквата „Свети Ѓорги“ – Струга, во сослужение на : архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, архиерејски намесник на Струга, протојереј Темелко Донески, старешина на црквата „Свети Ѓорги“ − Струга, свештеник Петре Бојчиноски, парохиски свештеник при црква „Свети Ѓорги“ − Струга, свештеник Ристе Наумоски, парохиски свештеник при Ложанска парохија, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓаконите: Николче Ѓургиноски и Васко Голабоски.
Running sports | Air Jordan SneakersКРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА
На 7. III 2010 година, трета недела од Великиот пост - Крстопоклона, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј служеше во црквата „Свети Петар и Павле – Кичево. Прво, на крајот од утрената богослужба се изнесе светиот и животворен крст на средината од храмот, на кого се поклонија сите присутни. Потоа се служеше света архиерејска Литургија на свети Василиј Велики. На литургијата присуствуваа голем број верници, а оние што се подготвуваа со пост, молитва и исповед пристапија и се причестија со Телото и Крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. По светата Литургија, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со поучно слово, кое во целост ви го пренесуваме.
ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН
Втор ден Велигден – црква свети Петар и Павел во Кичево
Nike shoes | Nike Releases, Launch Links & Raffles