„Се исплашија хоровите ангелски, гледајќи Го Оној што седи во прегратките на Отецот, како Бесмртниот се полага во гроб како мртов, како ангелските чинови Го опкружуваат и со мртвите во адот Го слават, како Создател и Господ!“ (седален на Утрена на Велика Сабота).

 

На 06.04.2018 година, на Велики Петок, во вечерните часови, кога се служи Утрената богослужба од Велика Сабота, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј, Австралија, беше отслужена Утрена богослужба и беше извршено Опелото на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Наум Деспотоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово. 

buy footwear | Yeezy Boost 350 Trainers
Повеќе...

„Оној што се облекува со светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш храмовата завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сѐ што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (Десетти антифон на Утрена на Велики Петок).

 

На 05.04.2018 година, во вечерните часови на Велики Четврток, кога според црковниот устав ја служиме Утрената богослужба од Велики Петок, во храмот „Св. Климент Охридски“ во Канбера, Австралија, беше отслужена Утрена богослужба со читање на Дванаесетте страдални евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Радојчо Митрев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово. 

short url link | Nike News
Повеќе...

„Вистинската Мудрост Божја, тајно водејќи ги пријателите свои, им подготвува душехранлива трпеза и за верните ја полни чашата на бесмртноста. Да пристапиме набожно и да повикаме: Христос, нашиот Бог, славно се прослави“ (песна од Канонот на Утрена на Велики Четврток).

 

На 05.04.2018 година, на великиот ден на востановувањето на светата Тајна Евхаристија, на Велики Четврток наутро, во храмот „Св. пророк Илија“ во Квинбијан, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Ѓорѓи Митев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Running | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„Кога сакаше да влезеш во Светиот град, Господи, луѓето носеа гранчиња од дрвја, воспевајќи Те Тебе, Господару на сите, и гледајќи Те како седиш на осле, како на престол херувимски; поради ова, пееја вака: Осана во висините, блегословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа“ (хвалитна стихира на Утрена на Цветници).

 

На 01.04.2018 година, на великиот празник на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во храмот „Св. вмч Димитриј“ во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Љубомир Милошевски, протоерејот Александар Ивановски, свештениците Игор Младеновски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike sneakers | 【国内5月1日発売予定】アンディフィーテッド × ナイキ コービー 5 プロトロ "ホール オブ フェイム" メタリック ゴールド/フィールド パープル-マルチ カラー (DA6809-700) - スニーカーウォーズ
Повеќе...

„Денес се изврши големо и преславно чудо, зашто Христос од гробот го воскресна четиридневниот мртовец, откако го повика. И ние го славиме Него како преславен, по молитвите на праведниот Лазар, да ги спаси нашите души“ (стихира на Слава... на Хвалитни стихири на Утрена на Лазарева сабота).

 

На 31.03.2018 година, во Саботата од шестата седмица на Великиот пост - Лазарева сабота, во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која ќиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Ѓорѓи Лапоски, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен парастос за сите порано упокоени ктитори и приложници на овој свет храм, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running sport media | Nike Air Max 270
Повеќе...
Страница 127 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1