„Богородица слушна јазик што не го знаеше, кога Архангелот и ги пренесе зборовите на радосната вест. Затоа таа со вера го прими поздравот и Те зачна Тебе, предвечниот Бог. Поради тоа и ние, радувајќи се, Ти викаме: Боже, Кој се воплоти од неа неизменливо, мир на светот дарувај му, а на душите наши - милост голема“ (стихира на Вечерна на Благовештение).

 

Денеска започна спасението на човековиот род, со повикот и објавувањето на радосната вест од Архангелот Гавриил, кој на Пресветата Дева Марија и јави необично раѓање. Единствената чиста и непорочна Дева со вера го прифати овој повик, а преку неа, и сиот човечки род го даде своето учество во домостројот на спасението. Затоа сите и пееме на Пресветата Мајка Божја: Радувај се, зашто си престол на Царот, радувај се, зашто Го носиш Оној што носи сè!

Best jordan Sneakers | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth
Повеќе...

„Денес се исполни пророчкото слово: зашто, ете, се поклонуваме на местото каде што стоеја нозете Твои, Господи! И, кога од дрвото на спасението вкусивме, слобода од гревовните страсти примивме, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче“ (песна од Канонот на Утрена на Крстопоклона недела).

 

Во Третата недела од Великиот пост, во која го празнуваме и се поклонуваме на чесниот и животворен Крст, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Според древната црковна традиција, пред почетокот на Литургијата, насреде храмот беше изнесено оружјето на победата за христијаните, светиот Крст, со кој се победува секоја демонска и непријателска сила. Многубројниот народ пристапи да го целива Крстниот знак, а Митрополитот Тимотеј им подели на верниците гранчиња босилок. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger
Повеќе...

„Со твоите мудри зборови јасно се победува безбожничкото собрание, преславен Григорие, солунски пастиру; и, како што дим исчезнува, исчезна и гнилото безумие, со твојот јазик громогласен и богословски“ 

 

Светата Црква Христова определила прославување и празнување на големи настани и значајни личности во Неделите од Великиот пост. Така, во првата Недела ја прославивме победата на иконата и на уметноста воопшто, па не залудно оваа недела го добила името Недела на православието. Во оваа втора Недела од Великиот пост, го прославуваме споменот на великиот подвижник и татко на исихастите, светиот Григориј Палама, кој цврсти и неотстапно учеше дека вечниот живот ќе биде наше вечно заедничарење со Бога, наше лично и живо учество во Бога. Во вечниот живот, пак, може да се влезе единствено преку несоздадената Божја благодат и несоздадените Божји енергии, за кои толку многу ни зборува светиот Григориј. 

Sports News | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp
Повеќе...

„Откако си го озари умот со просвештение на Божествениот Дух, чесната царица, имајќи богомудри плодови, ги возљуби благолепието и убавината на Црквата Христова, благословувајќи Го, заедно со верните, Богочовекот Исуса“ (песна од Канонот на Утрена во Прва недела од Великиот пост.

 

На 20.03.2016 година, во Првата недела од Великиот пост, кога ја прославуваме победата над една од најголемите ереси во Црквата, иконоборството, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Владо Недески и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Литургијата ќе остане засекогаш запаметена за дипломираниот богослов Павел Крцоски, кој од рацете на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во ѓаконски чин. Од името на Митрополитот Тимотеј и од сета Епархија, му го честитаме ѓаконскиот чин на Павел, со молитви кон Бога, Он да го води по патот на Неговите заповеди, на патот кон спасението. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј му се обрати на мноштвото верни чеда со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

short url link | Nike
Повеќе...

„Ништо не можат да му сторат на маченикот лакот и, стрелите твои, непријателу на човековото спасение, бидејќи тој и по смртта живее и бдее, и им се противи на твоите злодела, за да го спаси секого што православно верува“ (песна од Канонот на Утрена на Тодорова сабота).

 

На 19.03.2016 година, во првата сабота од Великиот пост, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Теодор Тирон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Authentic Nike Sneakers | adidas Yeezy Boost 350
Повеќе...
Страница 165 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1