„Од насладите на овој свет, како штетни, си се отстранил и, откако со постот телото си го ослабил, крепкоста на душата си ја обновил, преподобен, и со слава небесна си се збогатил, преславен. Затоа не престанувај да се молиш за нас (оче) Јоване“ (егзапостилар на Утрена на преподобен Јован Лествичник).

 

На 22.03.2015 година, во Четвртата недела од Великиот пост, посветена на преподобниот Јован Лествичник, како и на празникот на светите 40 маченици во Севастија - Младенци и преподобните 40 Битолски новомаченици, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

short url link | Nike Shoes
Повеќе...

„Пристапете и од неисцрпните води налејте, што благодатта на крстот ги излева, гледајќи го пред нас ова свето дрво, даруваниот извор, напоено со крвта и водата на Господарот на сè, Кој на него доброволно се вознесе, и земните ги воздигна“ (хвалитна стихира на Утрена на Крстопоклона недела).

На 15.03.3015 година, во Третата недела од Великиот пост или Крстопоклона недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Темелко Донески, свештениците Никола Христоски и Васко Голабоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Димитрија Павлески. Пред почетокот на Литургијата, според типикот на православната Црква, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, кој по Христа, од орудие на срамот стана оружје на христијаните и знак на победа, со кој се победува секој демонски напад. Според традицијата, сите верници пристапија да го целиваат светиот Крст, а Митрополитот Тимотеј им подели гранчиња босилек.

Денешната Литургија беше местото за уште една радост за христијаните од нашата епархија и црква. Имено, ѓаконот Димитрија Павлески, од рацете на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј, го прими свештеничкиот чин, и се придодаде на работниците на духовната почва Господова, на која многумина треба да растат по мерата Христова. Од името на свештенството и од сите верници од нашата епархија, како и од Митрополитот Тимотеј, му го честитаме свештеничкиот чин на отец Димитрија, со молитва да г зачува со „бел образ“.

По завршувањето на Литургијата, новиот свештеник им подели нафора на верниците, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

best Running shoes brand | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ
Повеќе...

„Огледало Божјо си бил, Григорие, оти она што е по образ Божји си го сочувал, откако умот за господар на телесните страсти си го поставил, а и она што е по подобие си го примил. Поради тоа си бил и дом на Света Троица“ (песна од канонот на Втора недела од Великиот пост).

Светата православна Црква ги посветила сите недели од Великиот пост на некој голем настан, кој бил од големо значење за верниците, или, пак, на некој од големите богослови и подвижници, кои се покажале вистински Божји луѓе и служители на божествените тајни. Оваа Втора недела од Великиот пост му е посветена на великиот богослов свети Григориј Палама, кој ја победи Варлаамовата гордост, побивајќи го неговото погрешно учење.

Во оваа Втора недела од Великиот пост, на 08.03.2015 година, во капелата посветена на светиот Григориј Палама, во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, свештеникот Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

 

Best Nike Sneakers | New Releases Nike
Повеќе...

„Изложувајќи го Твојот телесен изглед за почитување, Господи, набожно го целиваме, изразувајќи ја со тоа големата тајна на Твојата промисла; зашто Ти, Човекољупче, не ни се јави привидно, како што зборуваат богоборните манихејци, туку вистински и во телесна природа, кои нè водат кон љубов и желба за Тебе“ (хвалитна стихира на Утрена во Прва Недела од Великиот пост).

Светата православна Црква, во Првата недела од Великиот пост, ја слави големата победа над една од најголемите ереси кои ја потресле Црквата во нејзината историја – иконоборството. Победата над иконоборците претставува победа на уметноста воопшто. Светите отци биле јасни дека ние не ги почитуваме дрвото и бојата, туку ликот на оној кој е насликан на нив, зашто иконата претставува „прозорец кон вечноста“. Токму затоа, за нас православните, духовниот живот без икони е незамислив.

Оваа голема победа на Црквата, ја прославивме и ние денеска, на 01.03.2015 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Владо Недески, Роберт Илијевски и Миле Ангелоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Радоста на денешниот ден беше дополнета и со ракополагањето на богословот Димитрија Павлески во ѓаконски чин, кој се приклучи на работниците на нивата Христова. На ѓаконот Димитрија му го честитаме ѓаконскиот чин и се молиме Господ нашиот Бог да го придружува на сите стапки од неговиот живот. По завршувањето на Литургија, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Yeezy Boost 350 Trainers
Повеќе...

„Вооружен благочестиво со храброст маченичка, страдалнику Христов, со Неговата сила ти ја заштити духовната служба и покажа дека е немоќно идолското нечестие и заканата на мачителите, презирајќи ги маките и привремениот оган. Но, о, Теодоре, дару Божји по име и дело, со твојата молитва спасувај ги оние што го слават твојот спомен“ (стихира на Слава... на стиховни стихири на Утрена на Тодорова сабота).

На 28.02.2015 година, во првата Сабота од Великиот пост, посветена на светиот великомаченик Теодор Тирон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Ѓорѓи Блажевски и Миле Алексоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон многубројниот верен народ, кој со пост и молитва се подготвувал да се соедини со Спасителот Христос, преку учеството во светиот Путир. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

jordan Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...
Страница 183 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1