„Кога старецот се поклони и набожно се допре до божествените стапала на неискосубрачната Богомајка, тој рече: Ти носиш Оган, Пречиста, се плашам да Го земам во раце детето Бога, Незаодната Светлина, и Господарот на вселената“ (песна од Канонот на Сретение Господово).

Се развесели и зарадува денес праведниот старец Симеон, зашто во своите раце го држи Оној, Кој се роди од Дева, Кој е Бог Словото од Бога, Која заради нас се воплоти и го спаси човечкиот род. Затоа и вика: Сега отпушти го Својот слуга, Владико, зашто моите очи го видоа Твоето спасени. Господи, Кој дојде во светот за да го спасиш родот човечки, слава Ти!

Sports brands | JORDAN BRAND

Повеќе...

„Богато се излеа благодат во твојата уста, Блажени, и реки од догми излеа, кои ја напоија Црквата Христова, многуроден плод принесоа, Тимотее Христопроповеднику, богомудар апостоле“ (песна од Канонот на Утрена на свети апостол Тимотеј).

На 04.02.2015 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, а по повод празникот на светиот апостол Тимотеј и преподобниот маченик Анастасиј Персиец, како и по повод именденот на нашиот духовен возглавител и раководител, Митрополитот Тимотеј, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставорофор Марјан Радински, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

Best Nike Sneakers | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

Повеќе...

„Со горделивоста се уништува секое добро, а со смирението се истребува секое зло: верни, да го прегрнеме смирението и да се гнасиме јавно од лажната слава“ (песна од Канонот на Недела на цариникот и фарисејот).

На 01.02.2015 година, во Неделата на цариникот и фарисејот и на празникот на преподобниот Макариј Велики и светиот Марко Ефески, во храмот „Св. Никола“ во Перт, Западна Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на протоерејот Станко Јовановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | NIKE

Повеќе...

„Сите да го воспееме Христовиот јерарх Атанасија, зашто ги уништи сите Ариеви мислења, и силата на Света Троица во целиот свет јасно ја проповеда, единствениот неразделен Бог во Три Лица, Кого што тој Го моли за нас, кои со вера го славиме неговиот спомен“ (стихира на Слава... на Господи повикав... на Вечерна на свети Атанасиј и Кирил Александриски).

На 31.01.2015 година, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Љубаништа, Охрид, а по повод празнувањето на светите Атанасиј и Кирил Александриски, беше отслужена света Литургија, на која началствуваше архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓакон Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, архимандритот Нектариј се обрати кон верниците со пригодно слово, а потоа беше и прекршен празничниот колач.      

jordan Sneakers | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

На 25.01.2015 година, во 33 Недела по Педесетница и на празникот на св. мч-чка Татјана и св. мч. Петар Авесаломит, во храмот „Св. вмч. Димитриј Солунски" во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Љубомир Милошевски, протоереј Александар Ивановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

bridge media | NIKE

Повеќе...
Страница 185 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1