„Во светот сјаат светлоносно две светила: великиот Тимотеј, еден од Христовите апостоли, и маченикот Анастасиј, еден од сличните нему, коишто ние ги славиме заедно“ (светилен на Утрена на св. ап. Тимотеј и преп. мч. Анастасиј Персиски).

 

Се исполни кажувањето Давидово бидејќи нашиот блажен и секогаш спомнуван Тимотеј се јави како молња озарувајќи ги со својата проповед краиштата на вселената. Затоа и ние достојно го славиме и прославуваме споменот на блажениот апостол Тимотеј, и непрестајно го величаме. Празнувањето на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиски, како и по повод именеденот на нашиот возљубен духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, на 03.02.2023 година, во вечерните часови, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, еромонахот Никодим и ѓаконот Марко Спасовски. На 04.02.2023 година, во истиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, еромонахот Никодим се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

На 02.02.2023 година, денот кога Бугарската православна црква и бугарскиот народ го слави великиот празник Сретение Господово, на покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, во посета на Пловдивската митрополија присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На великиот празник Сретение Господов, Митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше на Литургијата во митрополитскиот храм „Св. вмч-чка. Марина“ во Пловид, во сослужение на неговиот домаќин Митрополитот Пловдивски г. Николај, Митрополитот Брегалнички г. Иларион од МПЦ-ОА, Митрополитот Западно и Средноевропски г. Антониј, Митрополитот Старозагорски г. Кипријан, Митрополитот Доростолски г. Јаков, Мелничкиот Епископ г. Герасим, главен секретар на Синодот на БПЦ, Величкиот Епископ г. Сиониј, игумен на Тројанскиот и Бачковскиот манастир, Браничкиот Епископ г. Пахомиј, ректор на Семинаријата „Св. Иван Рилски“, Знеполскиот Епископ г. Арсениј и Смоленскиот Епископ г. Висарион, викари на Митрополитот Пловдивски, архимандритот Максим, протоерејот-ставрпфор Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, како и повеќе свештенослужители од Бугарската православна црква. Ова е првата заедничка Литургија на архиереи од МПЦ-ОА и од БПЦ, а значењето на ова братско сослужување го истакна и Митрополитот Николај во својата беседа на крајот од Литургијата. На Литургијата, Митрополитот Николај му го додели и Орденот „Св. ап. Ерм“ на Митрополитот Тимотеј, Орден за којшто беше одлучено од поодамна, но оваа свечена објава и официјално доделување се случи токму на ова прво заедничко сослужување по долги години исчекување. Од името на Митрополитот Тимотеј и делегацијата, му благодариме на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, за срдечниот пречек и прекрасната Литургија, со надеж дека овие средби и заедничарења во Чашата на спасението ќе стануваат сѐ почести, а врските помеѓу двете свети Цркви ќе бидат исполнети со љубов во Христа. Во прилог Ви го пренесуваме и линкот од страната на Пловдивската митрополија, на којшто можете преку фотографиите да го доживеете прекрасното духовно сослужување во Митрополитскиот храм „Св. вмч-чка. Марина“ во Пловдив.    

Повеќе...

„Верни, со песни денес да го прославиме сепразничниот спомен на Атанасија и Кирила, зашто во бездната на погибелта тие го фрлија измамникот Арија, заедно со Евномија и Савелија, и ги предадоа да горат во вечниот оган, зашто тие неправедно похулија на Спасителовото воплотување. Затоа те воспеваме, Атанасие“ (икос на Утрена на св. Атанасиј и Кирил Александриски).

 

На 31.01.2023 година, денот кога го славиме сепразничниот спомен на светите Велики учители Атанасиј и Кирил Александриски, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Кога Те виде дека сакаш да се крстиш во водите Јордански, Христе, великиот Претеча весело викаше: Ти дојде и се јави, Светлино непристапна“ (седален на Утрена на празникот Собор на св. Јован Крстител).

 

На 20.01.2023 година, денот по светото Богојавление кога го празнуваме празникот Собор на свети Јован Крстител, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Спасителу наш, кога се крсти во Јордан, ги освети водите, прифаќајќи еден слуга да ги положи своите раце врз Тебе, за да го исцелиш светот од страстите. Голема е тајната на Твоето јавување! Човекољупче Господи, слава Ти.“ (хвалитна стихира на Утрена на Свето Богојавление на Господ Исус Христос).

 

На 19.01.2023 година, денот кога го прославуваме светлиот празник на Светото Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, Вистинската Светлина, Кој на сите им дарува просвештение, во храмот „Успение на Пресвета богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 4 од 257

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5