„Христовата маченица Јулита, носејќи го Кирика во прегратките, во подвигот храбро веселејќи се, викаше: Христос е пофалба на мачениците“ (кондак на св. маченици Кирик и Јулита).

На ден 28.07.2011 година го прославуваме празникот на светите маченици Кирик и Јулита и по тој повод, во храмот „Св. Богородица Болничка“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиески и Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на светата Литургија беа осветени двете нови камбани кои ќе го красат соседниот храм „Св. Никола Болнички“. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. По молитвите на твоите свети маченици Господи Исусе Христе помилуј нè и спаси нè. Амин! 

url clone | Nike Shoes

Повеќе...

Во Петтата недела по педесетница и на денот кога го празнуваме св. Андреј Критски (17.07.2011) беше осветен новиот храм посветен на св. вмч-ца Недела во с. Драслајца, Струга. Со свечениот чин на осветување и со светата архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Темелко Донески, свештениците Петар Бојчиноски и Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Многуброен верен народ учествуваше на овој свечен чин, а по завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа која интегрално ви ја пренесуваме.

jordan Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...

На ден 15.07.2011 година, на празникот Положување риза на Пресвета Богородица во Влахерна, традиционално, како и секоја година, во храмот „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодно слово.

Sportswear free shipping | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...

На ден 14.07.2011 година ги прославивме светите бесребреници и чудотворци Кузман и Дамјан. По повод овој празник, во храмот „Св. Кузман и Дамјан“ во с. Пештани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Атанас Казанџиски, Игор Никовски и Димче Азески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

bridge media | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

Повеќе...

На 12.07.2011 година, денот кога го празнуваме споменот на светите првопрестолни апостоли и учители на вселената, св. Петар и Павле, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Војне Ристески и Стевчо Тошевски, свештеник Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ кој со пост и молитви се подготвил да пристапи кон Светиот Путир. По завршувањето на Литургијата беше извршен Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Повеќе...
Страница 249 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1