На 25 август 2022 година, на редовното заседание на Свештениот Синод на Руската православна црква, било проследено Соопштението на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, за доделувањето на автокефалност од Српската православна црква на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Синодот заблагодарил на Господа Бога за разрешувањето врз канонски основи на прашањето за статусот на православната Црква во Северна Македонија. И донел Одлука дека ја признава Македонската православна црква – Охридска архиепископија за автокефална Црква-Сестра, и го впишува името на нејзиниот Претстојател Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан во свештените диптиси. Членовите на Синодот изразиле надеж дека најмладата во семејството на автокефални православни Цркви, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, цврсто ќе ја чува во чистота и непорочност светата православна вера и ќе ја пази верноста на православната канонска традиција. Синодот решил и да се известат Неговата Светост Патријарх Српски Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан за одлуката на Светиот синод.

Повеќе...

Соопштение 

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 30 август 2022 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции и односите со Помесните Православни Цркви.

Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.

Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква.

Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх.

Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.

Од канцеларијата на

Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА

Повеќе...

„Преку молитвените бдеења си примил сила против непријателот, отче Јоакиме, а со своето трпение си се искачил на небесата. Кога го остави распадливиот земен живот, се пресели во нераспадливоста. Затоа те прославуваме“ (кондак на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).

 

На 29.08.2022 година, денот кога правиме спомен на празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на преподобниот Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Роберт Илијевски, еромонахот Никодим и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Богомудри луѓе, соберете се, зашто скинијата на Божјата слава, од Сион се преселува во небесното живеалиште, каде што се слуша чистиот глас на тие кои празнуваат, гласот на радоста неискажлива, на оние кои весело Му пр=еат на Христа: Најпрославен Боже на татковците, и наш, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).

 

На 28.08.2022 година, денот кога го прославуваме празникот Успение на Пресвета Богородица, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Саше Костадиноски и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Уште еден повод за нашиот свечен собир во Македонски Брод, беше и големиот јубилеј 150 години од изградбата на градскиот храм. По тој повод, со свое поздравно обраќање се обрати и старешината на храмот, свештеникот Саше Костадиноски, кој го дарува Митрополитот Тимотеј со архиерејски бастун. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. 

Повеќе...

„Твоето успение го слават властите и престолите, началата и господствата, силите и херувимите и страшните серафими. Радувајте се, родени наземјата! Красејќи се со твојата божествена слава, царевите, со арахангелите и со ангелите, ти се поклонуваат и те воспеваат: Радувај се, благодатна, со тебе е Господ, Кој на светот му дава милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Успение на Пресвета Богородица).

 

На 27.08.2022 година, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, започна прославувањето на великиот празник на Успението на Мајката Божја. Имено, во навечерието на овој голем празик, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По Вечерната богослужба, беше свечено отслужено и Опелото на Мајката Божја, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 48 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1