„Како проповедник на тајни и божествен светител, трпеливо си поднел неволји, гонења и напади, и долготрајни прогонства, заради верата Христова, проповедајќи Го Христа јасно како едносуштен и совечен, и рамнодетелен, и собеспочетен на првоначалниот Отец. Затоа Самиот Он те украси со пресветли знаења, и те покажа пресветол на целата вселена“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на свети Атанасиј Велики“).
На 15.05.2014 година, денот кога го прославуваме споменот на преносот на моштите на светиот Атанасиј Велики, патријарх Александриски, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
НЕДЕЛА НА ПЕДЕСЕТНИЦА

„Светиот Дух е светлина и живот, и жив духовен извор: Дух на премудрост, Дух на разум, на добрина, на правда, на знаење, Кој владее, очистува гревови; Он е Бог и нас нè обожува; Оган Кој од Огнот исходи; Кој говори, дејствува, дарови разделува, преку Кого се овенчаа сите пророци и божествени апостоли со мачениците. Страшен шум, страшна глетка: Оган Кој се разделува заради раздавање дарови“ (хвалитна стихира на Утрена на Недела на Педесетница).
На 08.06.2014 година, во Неделата на светата Педесетница, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Кирил Јованоски, Ромео Петрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Според црковниот типик, веднаш по Литургијата беше отслужена и Вечерна богослужба, на која се читаат три молитви, во кои Го молиме нашиот Бог и Создател, да нè научи да одиме по вистинскиот пат, да ни ги прости согрешенијата, а да им ги прости и на сите порано упокоени браќа и сестри во Христа. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а беше направена и свечена литија околу светиот храм.
short url link | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%СВЕЧЕНА ЛИТИЈА (ЕОРДИЈА) ВО СТРУГА
Бог ни е нам прибежиште и сила. Докажан помошник во неволја. Затоа нема да се уплашиме, па макар и земјата да се разниша - ете така пее Црквата, така пееле неизбројните маченици Христови, кои со радост ја прифаќале маченичката смрт, знаејќи дека кој го носи својот крст, тој ќе учествува и во Воскресението Христово. Затоа и нашиот верен народ толку многу ги почитува светите маченици, а меѓу нив особено светиот великомаченик Георгиј. Откако го прославивме неговиот свет спомен, празненството, традиционално, продолжи во Струга, каде свети Георгиј се прославува и денот по Ѓурѓовден.
СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК, ПОБЕДОНОСЕЦ И ЧУДОТВОРЕЦ ГЕОРГИЈ
„Дојдете сите вие што го славите сепразничното, светло и славно Воскресение, пак да го празнуваме светлото торжество на маченикот Георгија, и со пролетни цветови, како непобедлив, да го овенчаме, та, по неговите молитви, да примиме избавување од неволјите и од гревовите“ (хвалитна стихира на Утрена на свети великомаченик Георгиј).
Како што велат светите отци, светите маченици се семето на христијанството и тие потврда за Воскресението Христово. Затоа и Црквата Христова ги прославува и им дава толку голема чест на мачениците и речиси и да нема ден во годината во кој не се слави некој маченик. Тоа особено важи за светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј, кого верните го слават со особена чест, а не ретко го имаат и како заштитник на својот дом. По чест на овој великомаченик, на 06.05.2014 година, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач и беше извршен чинот на Мал водосвет. Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
СВ. МЧ. ТАЛАЛЕЈ И ОТВОРАЊЕ НА НОВИОТ МУЗЕЈ ВО ВРАНИШТА
На 02.06.2014 година, на празникот на светиот маченик Талалеј, во храмот „Св. Никола“ во с. Враништа, Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештениците Никола Христоски и Ристе Наумоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.