„Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се облекува Оној што небото го облекува со облаци; шлаканици прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се прикова црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања Христе, се поклонуваме на Твоите страдања Христе, покажи ни го и славното Твое воскресение“ (прва песна од Петнаесетти антифон на Утрена на Велики петок).

Во светиот и Велик Четврток вечер, кога, според обичајот на православната Црква, ја пееме утрената служба од Велики Петок, ги читаме и светите дванаесет евангелија, во кои се опишуваат страдалните маки на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Во овој Петок, ние со скрушеност и умиление си спомнуваме за страдањата и Крстот, кој не друг, туку Самиот Син Божји го зеде врз Своите плеќи, земајќи го со тоа гревот на сиот човечки род. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, на овој светол ден (17.04.2014), чиноначалствуваше на службата во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Темелко Донески, свештениците Петре Бојчиноски и Васко Голабоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Со Твоето натприродно и за нас неизмерно милосрдие, Христе Боже, помилуј нè. Амин!    

Mysneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Повеќе...

„Да се доближиме сите со страв до тајната трпеза и со чисти души да го примиме лебот, останувајќи со Господа. Да видиме како им ги мие нозете на учениците, а и ние да направиме како што гледаме, покорувајќи се еден на друг, и еден на друг нозете миејќи ги, зашто Христос така им заповеда на Своите ученици, но Јуда – слугата и измамник, не слушна“ (икос на Утрена на Велики Четврток).

Во светиот и Велик Четврток празнуваме повеќе настани, и тоа: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино. Но, како најзначаен настан, кој го одбележува овој ден, е Тајната Вечера, односно востановувањето на светата Евхаристија, односно светата Причест. „Ова правете го во Мој спомен“  - им вели Христос на Своите ученици, а со тоа, ни остава заповед и ние истото да го чиниме. Светата Евхаристија го зазема централното место во Црквата и живото на нејзините членови. Според тоа, оној којшто учествува во неа, станува дел од Црквата, односно од Телото Христово.

Adidas shoes | Sneakers

Повеќе...

„Денес Христос оди во домот фарисеев и жена грешница пристапува и паѓа пред нозете Негови, викајќи: Погледни ме мене, потопената во гревови, падната во очајание поради моите дела; не отфрлај ме, поради Твојата добрина, и дај ми, Господи, прошка на гревовите и спаси ме“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Светата и велика среда).

Светите отци на Црквата Христова топло ни препорачуваат и ни укажуваат дека постот секогаш оди заедно со молитвата, бидејќи ако постиме само телесно, тогаш само го измачуваме своето тело. Иако молитвите на сите нас беа поголеми во текот на сиот Велигденски пост, сепак, тие се уште позасилени во оваа крајна недела од Постот, во Страсната седмица, кога се подготвуваме да Го дочекаме Распнатиот, но и Воскреснатиот Христос. И денеска (16.04.2014), во Светата и велика среда, кога го прославуваме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Running sport media | Best Nike Air Max Shoes 2021 , Air Max Releases and Deals

Повеќе...

„Господи, од устата на децата и доенчињата си примил похвала од слугите Твои, за да го победиш непријателот, и со Твоето страдање на крстот да го искупиш древниот пад Адамов, со дрвото да го воскреснеш него, кој Ти пее песна победничка“ (песна од канонот на Цветници).

Во Неделата пред славното Христово Воскресение, го празнуваме празникот Цветници. На овој ден, Господ Исус Христос влегува во Ерусалим, за да пострада на Крст и да го ослободи човековиот род од оковите на распадливоста и смртта. Токму затоа, и дечињата, научени од Светиот Дух, ја најавуваа таа победа со маслинови гранчиња во своите раце.

По повод овој голем Господов празник, на 13.04.2014 година, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Според Типикот на православната Црква, пред почетокот на светата Литургија, беа осветени врбовите гранчиња, а Митрополитот Тимотеј им ги подели на верниците, кои држејќи ги во своите раце, потсетуваа на оние деца од Ерусалим, кои ја најавуваа Христовата победа. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | Nike Off-White

Повеќе...

Душата на човекот, како родена христијанка, секогаш тежнее да го пронајде патот кон Вечниот Бог, кон својот Создател. Но, тој пат не е ниту лесен, ниту, пак, самите ние можеме да го пронајдеме.  Спасителниот пат можеме да го пронајдеме единствено како заедница, односно Црква - Тело Христово. А во тоа Тело Христово секој си ја знае (или треба да си ја знае) својата функција и улога. Функцијата на епископите, пак, ја одредил уште Самиот Господ Исус Христос, Кој ги испратил апостолите по светот, за да го проповедаат Царството Небесно.

Sneakers Store | Nike Air Max 270

Повеќе...
Страница 204 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5