„О чудо преславно! Неверието роди сигурна вера, зашто Тома рече: Ако не видам, нема да поверувам. Но, кога ги допре ребрата, Воплотениот Го призна за Син Божји, Кој пострада во тело, Го објави воскреснатиот Бог и со светол глас извика: Господ мој и Бог мој, слава Ти!“ (стиховна стихира на Вечерна на Томина недела).

На 12.05.2013 година, во Неделата на Антипасха, кога го празнуваме јавувањето на Спасителот на апостолите и допирот на Тома, во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Празникот стана уште порадосен со осветувањето на новата камбана, дар од г-дин Иван Постоловски со неговото семејство од Скопје, а манастирот го одликува со манастирскиот орден „Претеча“, кој Иван го прими од рацете на Митрополитот Тимотеј. На овој свечен и торжествен чин, присуствуваше и гостинот од Руската православна црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Тамбовската епархија г. Теодосиј, кој дојде во манастирот во придружна на амбасадорот на Русија во Р. Македонија, г-дин Олег Шчербак со неговата сопруга Лариса. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Nike Shoes

Повеќе...

„Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме“ (кондак на Недела на блудниот син).

Со Божја помош и промисла стигнавме и до втората подготвителна недела пред Великиот пост. Во оваа света недела, Црквата нè учи на покајание и враќање на патот на добродетелите, сакајќи да нè извлечи од очајанието. Во оваа недела, на 03.03.2013 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Темелко Донески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Running Sneakers | Men’s shoes

Повеќе...

На 02.03.2013 година, во канцелариите на Административната зграда на Дебарско-кичевската епархија, беше одржана редовната седница на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија. На седницата беше разгледана и усвоена Завршната сметка за 2012 година, а беше усвоен и Предлог буџетот за 2013 година. Истовремено, беа разгледани и други прашања од нашата Епархија, меѓу кои беше и усвоен предлогот за изградба на конак во манастирот „Св. Спас“ во с. Г. Лакочереј. Членовите на ЕУО изразија загриженост за зачестените кражби во црквите и манастирите во Епархијата и се согласија дека под итно треба да се преземат мерки, а и досегашните зафати да продолжат во засилено темпо.

На состанокот присуствуваа:

    • Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј – претседател на ЕУО – Охрид
    • Протоереј Игор Никовски
    • Архимандрит Нектариј
    • Протоереј-ставрофор Илија Танаскоски
    • Протоереј Димче Ѓорѓиески
    • Г-дин Светислав Маџаров - доктор
    • Г-дин Сашо Цветковски – историчар на уметност
    • Г-дин Стојмир Петкоски – доктор
    • Свештеник Никола Христоски.

best Running shoes brand | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

Повеќе...

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Русенски г. Неофит е новиот Поглавар на Бугарската православна црква. Изборот и интронизацијата на новиот Бугарски патријарх, во присуство на многубројни црковни делегации, се изврши во храмот „Св. Александар Невски“ во Софија, Р. Бугарија на ден 24.02.2013 година. Делегацијата на Македонската православна црква ја сочинуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.   

Патријархот Неофит, чие родено име е Симеон Николов Димитров, е роден на 15.10.1945 година во Софија, Р. Бугарија. Во 1965 година завршува Духовна семинарија во Софија, а од 1967 до 1971 година студира на Духовната академија „Св. Климент Охридски“ во Софија. Од 1971 до 1973 година специјализира на Московската духовна академија на одделот за Црковно пеење, а по враќањето предава Црковно пеење и е диригент на студентскиот хор при Духовната академија во Софија. Од раката на блаженоупокоениот Патријарх Максим потстрижен е во монашки чин во Тројанскиот манастир на 03.08.1975 година кога и го добива името Неофит, а во соборната црква „Св. Недела“, во 1976 година, ракоположен е во ероѓаконски и еромонашки чин, а во 1977 е произведен во чин архимандрит.

Running Sneakers | Sneakers Nike

Повеќе...

„Да не се молиме фарисејски, браќа, оти кој се возвисува себе си, ќе се смири; со пост да се смириме пред Бога, викајќи како митарот: Боже очисти нè грешните“ (стихира на Господи повикав... од Вечерна на Недела на цариникот и фарисејот).

На ден 24.02.2013 година го прославивме споменот на светиот Власиј и  на светиот Ѓорѓи Кратовски. Во овој ден, со Божја помош, почнавме и со употреба на книгата Посен триод, со што се означува почетокот на подготовката за големиот велигденски пост. Во првата подготвителна недела, се чита Евангелието за цариникот и фарисејот, зашто „првото оружје кон добродетелта се покајанието и смирението, а пречка кон врвното смирение се горделивоста и надуеноста“.

На овој свет ден, во храмот „Св. Власиј“ во с. Ложани, Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Игор Никовски и Митре Попоски, свештениците Зоран Попоски и Ристе Наумоски и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

buy shoes | Nike React Element 87

Повеќе...
Страница 221 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2