„Кога Исус се роди од Дева Марија, и во Јордан се крсти од Јована, Духот, виден во вид на гулаб, слезе на Него. Поради тоа Пророкот со ангелите говореше, викајќи: Слава на Твоето пришествие, Христе, слава на Твоето Царство, слава на Твојата промисла, единствен Човекољупче“ (седален на Утрена на Собор на св. Јован).

На 20.01.2013 година, ден по Богојавление, го празнуваме празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован. Во негов спомен, во храмот „Св. Јован - Канео“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со празнично слово и го прекрши славскиот колач.

url clone | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

Повеќе...

„Кога се јави во Јордан, Спасителу, и кога се крсти од (Јован) Претеча, Христе, си бил посведочен за возљубен Син. Затоа се покажа и како собеспочетен на Отецот, а Светиот Дух на Тебе слегуваше. Од Него, пак, просветлени, викаме: Слава Му на Бога Кој е во Троица“ (седален на Утрена на Богојавление).

„Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Мат. 5,17). Ова се зборовите на нашиот Спасител, Кој го учи Јована дека „треба да се исполни секоја правда“. Токму затоа, и Оној, Кој се понижи и се воплоти од Дева Марија и Светиот Дух, дојде да се крсти на реката Јордан со покајно крштение. Не зашто имаше потреба, туку за да го исполни Законот, зашто Он во сè беше сличен на нас, освен во гревот. Он се крсти заради нас и нашето спасение, но и за да нè поучи на исполнување на Законот. Затоа и сите го прославуваме Неговото преславно крштение и човекољубие.

Nike air jordan Sneakers | Nike Release Dates

Повеќе...

„Христе, кој милостиво го земаш мноштвото гревови на сите, поради милоста Твоја неизмерна, како човек доаѓаш да се крстиш во јорданските води, облекувајќи ме во одеждата на древната слава, од која бев лишен“ (кондак на Водокрст).

Прославувањето на празникот Богојавление започна со сеноќно бдение во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“ на 18.01.2013 година, денот кога го празнуваме Претпразненството на Богојавление. Бдението беше крунисано со света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, игумен на Бигорската обител, протоереј Игор Никовски, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Голем (Богојавленски) водосвет. 

Nike sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

Повеќе...

„Себлагиот Бог не се посрами да се обрезе со телесно обрезание, но се даде Самиот Себе за пример и слика на сите за спасение, бидејќи Творецот на законот го исполнува она што е според законот, и претскажувањата за нас на пророците. Господи, Кој со Својата дланка држиш сè и Кој се пови во пелени, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Обрезание по тело на Господа Христа и св. Василиј Велики).

На 14.01.2013 година го прославивме празникот Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос и споменот на светиот Василиј Велики. Со овој чин нашиот Спасител се покажува како Извршител на законот, бидејќи и самиот закон е Негова творба, или, како што Он Самиот вели: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Мат. 5,17). Во овој ден го празнуваме и Великиот Василиј, творец на светата Василиева Литургија, темел на црквата, подвижник, љубител на мудроста и голем помагач на луѓето. Во чест на овие два празници, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги поучи присутните со поучно слово.   

На овој ден, според Уставот на православната Црква, беше направен и Молебен на Нова година, во кој се помоливме Преблагиот Господ да ни ги прости сите прегрешенија извршени во минатата година, а во идната да ни ги подари одозгора Божјите добра, и здравје и спасение, и добар напредок во сè. Во прилог ви го презентираме целиот чин на Молебниот.

 Asics shoes | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

Повеќе...

„Твоето каменување за тебе стана како скалила од скала за искачување на небесата; качувајќи се по неа, си Го видел Господа како седи оддесно на Отецот, и со Својата живоносна десница ти го дава венецот, сообразен на твоето име. Како добропобедник и првомаченик сега стоиш близу до Него“ (стихира на Господи повикав... од Вечерна служба на Св. ап. Стефан).

Buy Kicks | Women's Nike Superrep

Повеќе...
Страница 223 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5