„Твоето каменување за тебе стана како скалила од скала за искачување на небесата; качувајќи се по неа, си Го видел Господа како седи оддесно на Отецот, и со Својата живоносна десница ти го дава венецот, сообразен на твоето име. Како добропобедник и првомаченик сега стоиш близу до Него“ (стихира на Господи повикав... од Вечерна служба на Св. ап. Стефан).
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ВТОР ДЕН БОЖИК - СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„Оној што пред ѕвездата Деница се роди од Отецот без мајка, денес на земјата се воплоти од тебе без татко. Затоа ѕвездата им благовести на Мудреците, а ангелите со пастирите го воспеваат твоето неискажливо раѓање, Благодатна“ (кондак на Собор на Пресвета Богородица).
„Што да Ти принесеме, Христе, за тоа што заради нас како човек се јави на земјата?“ - пее Црквата на вториот ден Божик, кога го прославуваме празникот Собор на Пресвета Богородица. Навистина секое создание Му принесува благодарење на Оној, Кој се понижи и стана Богочовек, истовремено и Бог и човек, неизменливо и без да претрпи мешање. А човечкиот род Му ја принесува Пресветата Богородица, која без двоумење Му вели на својот Бог: „Нека ми биде според зборовите Твои“.
На 08.01.2013 година, во храмот „Собор на Пресвета Богородица –Челница“ во Охрид, Му принесовме на Господа благодарствени пофалби на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Adidas shoes | Air Jordan XXX1 31 Colors, Release Dates, Photos , Gov
БОЖИК ЗА НАЈМЛАДИТЕ
„Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно“ (Мт. 19, 14). Навистина, зарем има нешто почисто и поневино од неизвалканата детска душа? Децата знаат вистински и нелицемерно да се израдуваат дури и на најмалото внимание и на најмалиот подарок. И овој Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј не ги заборави дечињата и ги израдува со Божикни пакетчиња, кои, пак, со искрена благодарност ја целиваа десницата на дедо Владика. Подоцна беше организирана и Божикна трпеза на љубовта за свештенството од нашата Епархија.
Running Sneakers | New Balance 247 "Castlerock" Buy Now , SneakerNews.com
РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИК
„Заради нас доброволно се положи во јасли бесловесни, како дете, долготрпелив Спасителе, а пастирите со ангелите Те воспеаја, викајќи: Слава и похвала на Христа нашиот Бог, Кој се роди на земјата и ја обожи природата на земнородните“ (седален на Утрена на Божик).
Те величаме, Христе Боже, Кој заради нас грешните, се роди од Пречистата Дева. Оној Кој е поширок од вселената, се всели во Девојка и се понижи од човекољубие. И тоа не застапник, не ангел, туку Сам Ти Боже. Зарем има поголема љубов од тоа, Творецот да стане сличен на тварта? Зарем има нешто повозвишено од тоа, Самиот Господ да стане човек? Навистина, голема е тајната на побожноста!
На 07.01.2013 година, денот на Рождеството Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставорофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Верниците, кои трпеливо уште во дворот на храмот, во колони чекаа да му се поклонат на новородениот Малденец, речиси без исклучок пристапија кон светиот Путир, за да можат потполно да учествуваат во радоста на својот Господар. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и соборното послание, во кое Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, повика на зачувување на светоста на бракот и семејството, но и на мир, слога и единство.
Од името на Дебарско-кичевската епархија, заедно со нејзиниот возглавител и духовен татко, Митрополитот Тимотеј, ви ги честитаме Божикните празници со срдечниот поздрав:
ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!
Sports Shoes | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE
БАДНИК
„На мудреците, кои стоеја пред пештерата и слушаа за овие чудесни настани, Пречистата понизно им рече: Кого го барате вие? Гледам дека доаѓате од туѓа далечна земја, имајќи изглед и мудрост персиска, и дека сте минале долг и тежок пат, и дојдовте, според она што го дознавте, да Му се поклоните на Оној што на светот му дарува милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Претпразненство на Рождество Христово).
affiliate tracking url | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers