„Оној што пред ѕвездата Деница се роди од Отецот без мајка, денес на земјата се воплоти од тебе без татко. Затоа ѕвездата им благовести на Мудреците, а ангелите со пастирите го воспеваат твоето неискажливо раѓање, Благодатна“ (кондак на Собор на Пресвета Богородица).
„Што да Ти принесеме, Христе, за тоа што заради нас како човек се јави на земјата?“ - пее Црквата на вториот ден Божик, кога го прославуваме празникот Собор на Пресвета Богородица. Навистина секое создание Му принесува благодарење на Оној, Кој се понижи и стана Богочовек, истовремено и Бог и човек, неизменливо и без да претрпи мешање. А човечкиот род Му ја принесува Пресветата Богородица, која без двоумење Му вели на својот Бог: „Нека ми биде според зборовите Твои“.
На 08.01.2013 година, во храмот „Собор на Пресвета Богородица –Челница“ во Охрид, Му принесовме на Господа благодарствени пофалби на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Adidas shoes | Air Jordan XXX1 31 Colors, Release Dates, Photos , Gov