Човекот, како што вели уште Аристотел, е зоон политикон, односно политичко, друштвено, социјално битие. Токму затоа, тој отсекогаш сакал да ги сподели своите чувства, какви и да се тие, со другите луѓе што го опкружувале. Ги споделувал и изразувал со збор, со жртва, со песна, со дела, со слика. Кога станува збор, пак, за неговите верски или религиозни чувства, човекот ги употребувал сите овие начини на изразување, за да ја искаже својата љубов кон Оној што го чувствувал за свој Творец, Заштитник, Спасител. Тоа особено важи за новозаветниот човек, за кој веќе Господ не бил Некој што е само трансцендентен, туку Он е овоплотен Бог, Он е Богочовекот, Кој пострада, воскресна, се вознесе. Затоа за иконата се вели дека е „прозор во вечноста“, таа е „живопис кој ни ја претставува целата Црква заедно со Христа Вознесениот, Кој е превземен од Бог Отецот“. Или со други зборови, таа е „теологија преточена во бои“.
Running Sneakers Store | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%