Во текот на подготовките за одбележување на 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква во нашата епархија и прогласувањето на монасите Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј за преподобномаченици, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, деновиве излезе од печат книгата „СВЕТИ ПРЕЧИСТАНСКИ МАЧЕНИЦИ“. Уредник на книгата е архимандрит Партениј (Фиданоски), игумен на манастирот „Св. Јован Крстител- Бигорски“, а лектор е г-дин Бобан Митевски.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ“ ВО С. ЛОКОВ
На ден 29.07.2012 година, во Осмата недела по Педесетница и денот кога ги прославуваме св. свш-мч Атиноген и и св. мч-ка Јулија, во прекрасните предели селото Локов, Струшко, беше осветен храмот „Свето Преображение“. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеникот Петре Бојчиноски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“ ВО С. БЕЛЧИШТА
На ден 22.07.2012 година се изврши осветување на новиот храм посветен на свети Атанасиј Велики во с. Белчишта, Охридско. Според каноните на православната Црква, осветувањето беше извршено пред светата Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Душан Јорданоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше поставен трпеза на љубовта за многубројните верни кои дојдоа да присуствуваат на овој свечен чин и да му се помолат на свети Атанасиј. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Sportswear Design | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf
ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВ КОНАК ВО МАН. „СВ. СТЕФАН“
На ден 23.07.2012 година беше осветен новиот конак во манастирот „Св. Стефан“ во Охрид. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, старешина на манстирот, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На осветувањето присуствуваше и градоначалникот на град Охрид г-дин Александар Петрески.
best Running shoes | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , IetpСВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ

„Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете Го Владетелот на сите да и даде мир на вселената, а на нашите души – голема милост“ (тропар на светите апостоли Петар и Павле).
На ден 12.07.2012 година ги прославивме светите врховни апостоли Петар и Павле. Ревносни во верата и љубовта кон Бога, двајцата, проповедајќи го Евангелието меѓу евреите и незнабошците низ целиот свет, маченички го дадоа својот живот за Христа. Во нивни спомен, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Патер и Павле“ во Кичево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Војне Ристески и Стевчо Тошевски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
best Running shoes | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ