„Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го осветил карејскиот скит и те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просбетли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној што преку тебе ни даде исцеление“ (тропар на св. Нектариј Битолски).

Sport media | Nike SB

Повеќе...

„Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши“ (тропар на св. вмч. Георгиј).

На ден 09.12.2011 година го прославивме споменот на св. вмч. Георгиј Победоносец, а по тој повод беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „св. вмч. Георгиј“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодно слово.

Adidas shoes | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

По повод патрониот празник на градот Охрид, св. Климент Охридски, на 08.12.2011 година, беше доделено највисокото општинско признание, Свети Климентовата награда. Годинешен добитник на оваа награда е Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, поради Неговата 30 годишна митрополитска дејност во Светиклиментовиот град. Според зборовите на градоначалникот на град Охрид, Митрополитот Тимотеј ја добива оваа награда поради тоа што со голем елан стана голем градител на нови цркви, иницијатор и реализатор на проекти за реконструкција на постојните цркви и манастири. Во изминатиот период тој остварил околу 200 осветувања на цркви и црковни објекти, а најголемите активности на тој план ги реализирал токму во Охрид. Благодарение на Владиката Тимотеј, се возобнови забранетата традиција на фрлање на крстот во водите на Охридското Езеро, на православниот празнк Богојавление - Водици. Со овој црковно-народен собир, Охрид е еден од најпосетените градови во земјите на православието. Покрај оваа награда, беа доделени уште и три Светиклиментови повелби на професорката Соња Думбалова Делова, универзитетскиот професор д-р Јован Шикоски и на претседателот на Младинскиот совет во Охрид, г-дин Димче Каневче.

latest Running | NIKE HOMME

Повеќе...

„Со зборови си ги упатил народите кон верата Божија; со делата си се издигнал преблажене, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте“ (тропар на св. Климент Охридски).

affiliate link trace | Sneakers

Повеќе...

На ден 07.12.2011 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, старешина на манастирот, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети камен-темелникот на новиот конак во манастирот Св. Стефан во Охрид. Конакот е лоциран веднаш под манстирската црква, со поглед кон Охридското Езеро и градот Охрид. Митрополитот Тимотеј ја благослови градбата и се помоли за што побрзо завршување на истата.

Sports brands | Nike Air Max 270

Повеќе...
Страница 242 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5