На ден 13.06.2011 година, на втор ден Духовден беше отслужена света архиерејска Литургија во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен Јосиф, , протоереј Сашо Богданоски, јеромонах Григориј, свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со кратка поука за наитието на Светиот Дух.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПЕДЕСЕТНИЦА - ДУХОВДЕН
„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно го славиме Сесветиот Дух“ (кондак на Педесетница).
Во осмата недела по Пасха ја славиме Педесетницата, односно слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Со ова се исполни ветувањето на Спасителот: „Ќе го замолам Отецот и Он ќе ви испрати друг Утешител, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот“, и уште: „А кога ќе дојде Он, ќе ве научи на сè, и ќе ве упати во секоја вистина“.
Sports brands | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
СРЕДБА СО ПРОТОЃАКОНОТ АНДРЕЈ КУРАЕВ
На ден 03.06.2011 година (петок) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во просториите на својата резиденција, го прими многупочитуваниот професор на Московската духовна академија, протоѓаконот Андреј Кураев. По завршувањето на средбата, реномираниот руски професор и еден од најпочитуваните современи теолози ги посети црквите и манастирите во нашата света епархија.
ВОЗНЕСЕНИЕ ГОСПОДОВО
„Откако ја исполни промислата за наша полза и земното го соедини со небесното, се вознесе во слава, Христе Боже наш, без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и викајќи им на оние што Те љубат: Јас сум (секогаш) со вас, и никој ништо против вас не може.“ (кондак на Вознесение).
ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМ „СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ“ С.ВЕЛГОШТИ,ОХРИД
На 28.05.2011 година го прославивме споменот на св. Ахил епископ Лариски, чии мошти во времето на цар Самоил почивале на островот Голем Град во Преспанското Езеро. На овој ден беше осветен новиот храм посветен на светите апостоли Петар и Павле во селото Велгошти, Охрид. Изградбата на овој храм беше почната во 2008 година по иницијатива на веќе починатиот верник Петар Николиќ, а со Божја помош се заврши оваа година. Беше отслужена и света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Кипријанов и Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа која во целост ви ја пренесуваме. Пред верниот народ се обрати и г-дин Илче Буџакоски, член на црковниот одбор, кој се заблагодари на сите што допринесоа за изградбата на овој храм.
Best jordan Sneakers | Air Jordan XXX1 31 Colors, Release Dates, Photos , Gov