На 27 март, 2010 година, Лазарева сабота, а воедно и по повод именденот на отец Бенедикт, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во с. Манастирец – Македонски Брод, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, свештеник Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓакон Николче Ѓурѓиноски служеше света божествена Литургија.
Sports brands | Men's FootwearНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
СВЕТА ВАСИЛИЕВА ЛИТУРГИЈА ВО ЦРКВАТА „СВ. НИКОЛА - ГЕРАКОМИЈА“ ВО ОХРИД
Во петтата недела од Великиот пост, недела посветена на преподобна Марија Египетска, во црквата „Св. Никола - Геракомија“ во Охрид се служеше света Василиева Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Верниот народ кој се подготвувал со пост и молитва, пристапи кон светиот Путир причестувакќи се со Телото и Крвта Христови. Кон верниот народ, Владиката г. Тимотеј се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.
bridgemedia | Women's Designer Sneakers - Luxury ShoppingПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ЦРКВАТА „СВЕТА БОГОРОДИЦА- КАМЕНСКО“ ВО ОХРИД
На 19 март 2010 година, петта недела од Великиот пост, во црквата „Света Богородица- Каменско“ во Охрид, со почеток во 16 часот, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на парохиските свештеници служеше Акатист кон Пресвета Богородица. Согласно Цариградската типик, Акатист кон Пресвета Богородица за време на Великиот пост се служи првите четири петоци, и во секој од петоците се отслужува по една статија од Акатистот, кој е поделен на четири статии во рамките на Канонот, додека, пак, во петтата недела од Великиот пост се служи целиот Акатист.
Running sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ
На 14. III 2010 година, четврта недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј чиноначалствуваше со светата, божествена архиерејска Литургија во црквата „Свети Ѓорги“ – Струга, во сослужение на : архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, архиерејски намесник на Струга, протојереј Темелко Донески, старешина на црквата „Свети Ѓорги“ − Струга, свештеник Петре Бојчиноски, парохиски свештеник при црква „Свети Ѓорги“ − Струга, свештеник Ристе Наумоски, парохиски свештеник при Ложанска парохија, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓаконите: Николче Ѓургиноски и Васко Голабоски.
Running sports | Air Jordan SneakersКРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА
На 7. III 2010 година, трета недела од Великиот пост - Крстопоклона, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј служеше во црквата „Свети Петар и Павле – Кичево. Прво, на крајот од утрената богослужба се изнесе светиот и животворен крст на средината од храмот, на кого се поклонија сите присутни. Потоа се служеше света архиерејска Литургија на свети Василиј Велики. На литургијата присуствуваа голем број верници, а оние што се подготвуваа со пост, молитва и исповед пристапија и се причестија со Телото и Крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. По светата Литургија, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со поучно слово, кое во целост ви го пренесуваме.