„Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме“ (кондак на Утрена во Неделата на блудниот син).

 

На 12.02.2023 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на светите Три Светители: св. Григориј Богослов, св. Василиј Велики и св. Јован Златоуст, во храмот „Св. Никола“ во Враништа, Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Ристе Наумоски и Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

На 09.02.2023 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија Охрид, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија Охрид. На состанокот беа разгледани повеќе точки од дејноста на Епархијата во изминатата 2022 година. На состанокот беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2022 година, како и Предлог буџетот за 2023 година. Исто така, беа донесени и повеќе одлуки според поденесените барања. Состанокот се одржа под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а во присуство на членовите на ЕУО на ДКЕ, и тоа:

  • архимандрит Нектариј (Најдоски)
  • протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
  • протоереј Васко Голабоски
  • Д-р Светослав Маџаров
  • Д-р Сашо Цветковски
  • Г-дин Петар Спасески и
  • протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство на секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на состанокот. 
Повеќе...

Почитувани верници, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, искажана во Неделата на цариникот и фарисејот, во капелата во Митрополитската резиденција во Охрид.

Повеќе...

„Во светот сјаат светлоносно две светила: великиот Тимотеј, еден од Христовите апостоли, и маченикот Анастасиј, еден од сличните нему, коишто ние ги славиме заедно“ (светилен на Утрена на св. ап. Тимотеј и преп. мч. Анастасиј Персиски).

 

Се исполни кажувањето Давидово бидејќи нашиот блажен и секогаш спомнуван Тимотеј се јави како молња озарувајќи ги со својата проповед краиштата на вселената. Затоа и ние достојно го славиме и прославуваме споменот на блажениот апостол Тимотеј, и непрестајно го величаме. Празнувањето на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиски, како и по повод именеденот на нашиот возљубен духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, на 03.02.2023 година, во вечерните часови, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, еромонахот Никодим и ѓаконот Марко Спасовски. На 04.02.2023 година, во истиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, еромонахот Никодим се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

На 02.02.2023 година, денот кога Бугарската православна црква и бугарскиот народ го слави великиот празник Сретение Господово, на покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, во посета на Пловдивската митрополија присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На великиот празник Сретение Господов, Митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше на Литургијата во митрополитскиот храм „Св. вмч-чка. Марина“ во Пловид, во сослужение на неговиот домаќин Митрополитот Пловдивски г. Николај, Митрополитот Брегалнички г. Иларион од МПЦ-ОА, Митрополитот Западно и Средноевропски г. Антониј, Митрополитот Старозагорски г. Кипријан, Митрополитот Доростолски г. Јаков, Мелничкиот Епископ г. Герасим, главен секретар на Синодот на БПЦ, Величкиот Епископ г. Сиониј, игумен на Тројанскиот и Бачковскиот манастир, Браничкиот Епископ г. Пахомиј, ректор на Семинаријата „Св. Иван Рилски“, Знеполскиот Епископ г. Арсениј и Смоленскиот Епископ г. Висарион, викари на Митрополитот Пловдивски, архимандритот Максим, протоерејот-ставрпфор Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, како и повеќе свештенослужители од Бугарската православна црква. Ова е првата заедничка Литургија на архиереи од МПЦ-ОА и од БПЦ, а значењето на ова братско сослужување го истакна и Митрополитот Николај во својата беседа на крајот од Литургијата. На Литургијата, Митрополитот Николај му го додели и Орденот „Св. ап. Ерм“ на Митрополитот Тимотеј, Орден за којшто беше одлучено од поодамна, но оваа свечена објава и официјално доделување се случи токму на ова прво заедничко сослужување по долги години исчекување. Од името на Митрополитот Тимотеј и делегацијата, му благодариме на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, за срдечниот пречек и прекрасната Литургија, со надеж дека овие средби и заедничарења во Чашата на спасението ќе стануваат сѐ почести, а врските помеѓу двете свети Цркви ќе бидат исполнети со љубов во Христа. Во прилог Ви го пренесуваме и линкот од страната на Пловдивската митрополија, на којшто можете преку фотографиите да го доживеете прекрасното духовно сослужување во Митрополитскиот храм „Св. вмч-чка. Марина“ во Пловдив.    

Повеќе...
Страница 37 од 291

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3