Книгата претставува практично и литургиско упатство за архиерејското богослужење, во кое систематски се изложени чиновите, последованијата и правилата поврзани со целокупниот поредок на архиерејската служба во Православната Црква. Делото е наменето за свештенослужителите, со цел правилно и достојно извршување на богослужбениот поредок, согласно црковната традиција и устав. Изданието е објавено по повод значајниот јубилеј – 70 години од раѓањето и 40 години архиерејска служба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Автор на книгата е протоереј-ставрофор Никола Христоски. Издание од 2021 година.
Формат: тврда корица
Број на страни: 378
Цена: 2.000 ден.






