Книгата претставува класично богословско дело на св. Никола Кавасила, во кое на јасен начин се изложува учењето за животот во Христа како евхаристиско и таинствено учество во животот на Црквата. Авторот го прикажува христијанскиот живот како постепено вградување на човекот во Христос преку светите Тајни, подвигот и благодатта, нудејќи сигурна духовна ориентација за секој верник. Делото претставува незаменлив водич за разбирање на православната духовност и црковното живеење. Преводот е дело на свештеникот Димче Азески. Оваа книга е издание од 2024 година.
Формат: мека корица
Број на страни: 252
Цена: 400 ден.






