-
Недела на Сите Светии
На 07.06.2026 година, во Неделата на Сите Светии, во манастирот посветен на „Сите Светии“ („Си Свети“) во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
-
Литургиско сослужување во храмот ,,Света Богородица Перивлепта”
На 06.06.2026 година, на споменот на преподобниот Симеон Столпник Дивногорец, св. Мелетиј Стратилат и св. Никита Столпник, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Востронски г. Тимотеј, Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и…
-
Понеделник на Светиот Дух – Втор ден Духовден
,,Во Твоите дворови, Господи, со преклонети колена на душите и телата, ние верните Те воспеваме Тебе, беспочетниот Отец, и собеспочетниот Син, и совечниот и Пресвет Дух, Кој ги просветлува и осветува душите наши.“1 На 01.06.2026 година, во вториот ден од празнувањето на празникот Педесетница, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија,…
-
Недела на св. Педесетница – Духовден
„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух.“ 1 На 31.05.2026 година, педесет дена по Христовото Воскресение, на денот кога го празнуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во храмот „Св. Троица“ во…
-
Вечерна на Вознесение Христово – Спасовден
„Откако ја исполни промислата за наша полза, и земното го соедини со небесното, се вознесе во слава, Христе Боже наш, без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и викајќи им на оние што Те љубат: Јас сум (секогаш) со вас, и никој ништо против вас не може.“ 1 На 20.05.2026 година,…
-
Недела на слепиот и света маченичка Пелагија
„Создателот и Господар на вселената, одејќи, на патот најде слеп човек како седи, плаче и говори: Во животот не видов ни сонце да сјае, ниту месечина да зрачи светлина. Затоа Ти викам: Ти, Кој се роди од Дева, Кој просветлуваш сѐ што постои, просветли ме, како Милосрден, за да Ти викам, паѓајќи пред Тебе, Владико…
-
Свечена Литија – Еордија во Струга во чест на св. вмч. Георгиј Победоносец
,,Венценосецу Георгие, стоејќи целиот светол пред чесниот престол на Оној што владее со сите, со твоите молитви и застапништва запази ги тие што со топла вера и љубов те призиваат тебе, Христов маченику.” И оваа година Семилостивиот Господ благоволи да се одржи еден од највеличествените настани во Дебарско-кичевската епархија — Свечената литија во Струга —…
-
Учество на Митрополитот Георгиј на меѓународната конференција „Средба со Бога: новозаветни духовности“
Деновиве, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј зеде учество на меѓународната научна конференција „Средба со Бога: новозаветни духовности“, која од 10 до 16 мај се одржува во Скопје и Охрид, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Универзитетот во Регенсбург (Германија) и Центарот за напредни студии „Beyond Canon“. Во рамките…
-
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден
,,Ете, пролетта на благодатта болсна, Христовото воскресение им засветли на сите, а со него сега свети и сепразничниот и светлоносен ден на мечникот Георгија. Дојдете сите, носејќи свеќи, божествено и светло да празнуваме.” На 06.05.2026 година, во денот кога ги прославуваме Преполовение и споменот на светиот великомаченик и победоносец Георгиј, како и именденот на нашиот…
-
Покана за молитвено торжество во чест на св. вмч. Георгиј Победоносец и именденот на Митрополитот г. Георгиј
,,Вистината на пролетта засветли, и тварта ја обновува, со благочестивото познавање на Животодавецот Христа. Затоа, јасно просветлен во разумот, страдалецот Георгиј ја порази непријателската лоша намера.” Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија Ве поканува на молитвено торжество по повод еден од највеличествените настани во нашата епархија, во чест на св. вмч. Георгиј Победоносец, како и по повод…









