-
Божикна приказна
„Божикна приказна“ е сликовница за деца, во чија содржина се наоѓаме во времето од пред повеќе од 2000 години. Во неа преку слика и текст, децата можат да се запознаат со Богомладенецот Христос, со Неговото доаѓање и раѓање на земјата. Ќе се запознаат и со ликовите на Христовата мајка – Пресвета Богородица, старецот Јосиф, како…
-
Сонот на Пресвета Богородица
Трогателен апокриф кој опишува еден сегмент од животот на Пресвета Богородица. Овој расказ претставува и своевидна молитва кон Божјиот Син и Неговата пречиста Мајка Богородица, кон чии страдања вистински се сочувствува преку оваа мала книга. Формат: мека корица Број на страни: 33 Цена: 50 ден.
-
Верувам
Уште еден вистински избор на превод на книга од страна на Митрополитот Тимотеј, овојпат од руски јазик, чиј автор е проф. о. Александар Шмеман. Оваа книга е духовен прирачник кој нè учи на запознавање на православната вера и ги открива црковните вистини, објаснувајќи ги догмите за да бидат правилно сфатени од членовите на Црквата. Формат:…
-
Училиште за молитва
Луѓето честопати си го поставуваат прашањето: „Како да му се обратам на Бога и како да се молам?“ Многумина, пак, размислуваат вака: „Јас Му се помолив на Бога. Зошто Он не ја слуша мојата молитва?“. Во оваа книга, прочуениот Митрополит Сурошки г. Антониј Блум – еден од најголемите теолози на минатиот век, ни го открива…
-
Силата на името
Оваа книга еден од најголемите современи богослови – Дираклискиот епископ Калистос Вер е превод на Митрополитот Тимотеј од англиски јазик. Преку неа читателот има можност да се запознае со најпрактичната и најпрактикуваната молитва во православниот свет. Во книгата се укажува и на методиката за воспоставување на молитвено расположение и самата техника на вклучување на телото…
-
Часови на болка
Оваа книга од Архимандритот Серафим Папакостас е превод од англиски јазик на протоерејот Димитрије Кочоски и претставува вистински прирачник во упатувањето кон утеха во жалоста која единствено Бог може да ја залечи. Книгата ги открива тајните на Божјата промисла за страдањето во светот и причините за неговата непогрешлива справедливост во раководењето на луѓето низ животот.…
-
Православна вера IV
Овој четврти дел од „Православна вера“ се однесува на православната духовност. Откако дава кратки објаснувања на основните поенти за духовниот живот и тоа: што е духовност, Бог, Христос, Светиот Дух, човекот, гревот, ѓаволот, светот, телото, Црквата, светите тајни и Царството Божјо, оваа книга ги објаснува блаженствата за кои Христос зборува во беседата на гората. Во…
-
Православна вера II
Вториот дел од оваа книга се однесува на православното богослужение, а преку нејзиниот текст православниот читател може да се пронајде себеси во кохезиското единство на небоземната Христова Црква, во која Бог е центарот, и Себеси се открива преку Своето свето жртвување во светата евхаристија, а мистично присуствува и во сите богослужби, свети тајни и свештенодејствија…
-
Православна вера I
Оваа вероучителна книга од о. Томас Хопко, претставува мал катихизис и дава можност секој христијанин да ги запознае основите на својата вера – како основните догматски вистини, така и практичните елементи на духовниот живот. Преку неа ќе научите што е Свето Писмо, а што свето Предание? Што е света литургија, кои се свети отци, а…
-
Канон и Акатист на Пресвета Богородица
Оваа богослужбена книга го содржи последованието на повечерието со канон и акатист на Пресвета Богородица кое се служи во петоците од Великиот пост. Но, покрај богослужбениот карактер оваа книга може да се користи и како молитвеник во домовите на христијаните кои преку прекрасните молитви на канонот и акатистот можат молитвено да општат со Богомајката. Формат:…

