Димко Димески

Свештеник Димко Димковски

Пензиониран свештеник кој ги опслужува Велмејската парохија при црквата „Св. Никола“ – с. Велмеј и Слатинската парохија при црквата „Воведение на Пресвета Богородица“ – с. Слатино

Телефонски број: 071 698 002

Раѓање и школување

Роден е на 6. X 1949 година во село Лешани, каде што завршил основно образование во ОУ „Дебарца“ во Велмеј. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во генерацијата 1967–1972 година.

Ракополагања

За ѓакон е ракоположен на 7. I 1975 година во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар. За свештеник е ракоположен на 8. I 1975 година во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. И двете ракополагања се извршени од страна на митрополитот Полошко-кумановски Кирил, со одобрение на митрополитот Дебарско-кичевски Методиј. Во пензија заминува во 2013 год.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК