Александар Димоски

Протоереј-ставрофор Александар Димоски

Парохиски свештеник при црквата „Св. вмч. Георгиј“ – Струга

Телефонски број: 071 937 412

Раѓање и школување

Роден на 11. III 1992 година во Охрид, од родители Љупчо и Софка, со живеалиште во с. Ботун, Дебарца. Основно училиште, од прво до четврто одделение, завршил во с. Ботун, а од петто до осмо одделение во с. Белчишта, Дебарца. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј во учебната 2006/2007 година се запишал во МПБ „Св. Климент Охридски“, која ја завршил како ученик на генерацијата во 2011 година. Истата година, повторно со благослов на надлежниот архиереј, своето образование го продолжил на Теолошкиот факултет при Аристотел Универзитетот во Солун, Р. Грција. Дипломирал на 8. VII 2016 година на отсекот за Пастирска и социјална теологија. Со благослов на својот митрополит, продолжил на постдипломски студии на истиот факултет во Солун, на катедрата за Литургика, археологија и уметност, специјалност: Литургика.

Ракополагања

На 28. VIII 2017 година во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 21. IX 2017 година во манастирот „Благовештение на Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево е ракоположен за свештеник од страна на митрополитот Тимотеј.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК