Ристе Наумоски

Свештеник Ристе Намоски

Парохиски свештеник на Ложанска парохија при црквата „Св. Власиј“ – с. Ложани

Телефонски број: 070 836 173

Раѓање и школување

Роден е на 2. II 1972 година во село Нерези, Струга, од родители Ѓорѓи и Ратка, со живеалиште во село Нерези. Основно училиште од прво до четврто одделение завршил во село Нерези, а од петто до осмо одделение во село Луково – Струшко. Средно училиште завршил во Центар за средно насочено образование „Нико Нестор“ во Струга. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1991/92 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршува во 2004 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.. Во 2011 година успешно ги завршува последипломските студии на Филозофскиот факултет – Институт за Национална Историја во Скопје, по што се здобива со академски степен магистер по историски науки.

Ракополагања

На 30. IX 1997 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од митрополитот Тимотеј во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид. На 10. X 1997 година е ракоположен во свештенички чин од истиот митрополит во црквата „Св. Спас“.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК