Свештеник Љупчо Бакрачески
Парохиски свештеник при црквата ,,Света Богородица Каменско” во Охрид
Телефонски број: 071 339 229
Раѓање и школување
Роден на 27.VII 1990 год. во Скопје, со место на живеење во с. Радожда Струга, од родители Крсте и Ленче (моминско Ристеска) Бакрачески. Основно образование завршува во СОУ „Димитар Влахов“ во Радожда. Во 2004 год. се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, генерација 2004-2009, а потоа продолжува со студии на ПБФ „Св. Климент Охридски“ Скопје генерација 2009-2013.
Ракополагања
На 21.IX 2014 год. ракоположен е за чтец, ипоѓакон и ѓакон во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ ‒ Кичево, од страна на митрополитот Тимотеј. На 30.IX 2014 год. ракоположен е за свештеник во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, од страна на митрополитот Тимотеј.






