1. Никола Христоски

Протоереј-ставрофор Никола Христоски

Протоерејот-ставрофор Никола Христоски е секретар на Дебарско-кичевската епархија.

Телефонски број: 078 377 544

Раѓање и школување

Роден на 14 јуни 1983 година во Охрид, од родители Иван и Дола, со живеалиште во Охрид. Основно образование завршил во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Средно богословско образование завршил во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како дел од 35. генерација богослови, во учебната 1998–2003 година. Во учебната 2003/04 година се запишал на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил во 2010 година, со што се стекнал со академски степен дипломиран теолог.

Ракополагања

На 9.VIII 2001 год. произведен е во чин чтец во храмот „Св Богородица – Перивлепта“ во Охрид од страна на митрополитот Тимотеј. На 21.X 2007 год. ракоположен е за ипоѓакон и ѓакон од страна на Митрополитот Тимотеј, во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК