Миле Ангелоски

Свештеник Миле Ангелоски

Парохиски свештеник при црквата „Св. Петка“ – Дебар

Телефонски број:

Раѓање и школување

Роден е на 20. VIII 1980 година во Дебар, од родители Васил и Веса, со живеалиште во Дебар. Основно образование завршил во градот Дебар, а потоа, со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј, се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Богословијата ја завршува успешно и се стекнува со диплома завршен богослов. Подоцна се запишува на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Ракополагања

За чтец, ипоѓакон и ѓакон е ракоположен на 15. II 2015 година во охридската црква „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, од страна на митрополитот Тимотеј. За свештеник е ракоположен на 20. II 2015 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски, во Дебар, од митрополитот Тимотеј.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК