Свештеник Васил Михајлоски
Парохиски свештеник при црквата „Св. Никола“ – Геракомија во Охрид
Телефонски број: 076 711 220
Раѓање и школување
Роден на 16.IV 1995 год. во Охрид, со место на живеење во Охрид, од родители Милчо и Славица Михајлоски. Основно образование завршува во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид. Во 2010 год. се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, генерација 2010-2015, а потоа продолжува со студии на ПБФ „Св. Климент Охридски“ Скопје генерација 2015-2019. Во 2025 година успешно дипломира на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и се здобива со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 04.II 2021 год. е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник , од страна на митрополитот Тимотеј,. На 09.VIII 2021год. е ракоположен за свештеник во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, од страна на митрополитот Тимотеј.






