Свештеник Димче Азески
Парохиски свештеник при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид
Телефонски број: 078 330 416
Раѓање и школување
Роден е на 13. Х 1980 год. во Охрид, од родители Јонче и Верица, со живеалиште во село Пештани, Охрид. Основно училиште завршил во ЦОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани. Средно училиште завршува во Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, економски отсек. Запишан на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1999-2000 год. како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршува во 2004 год. и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 31.I 2007 год. примил потстриг за чтец во црквата „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 4.II 2007 год. во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид е ракоположен за ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Тимотеј. На 21.II 2010 год. е ракоположен за свештеник од митрополитот Тимотеј во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид.






