Почитувани верници,
Дебарско-кичевската епархија ве поканува на молитвено учество по повод осветувањето на храмот „Свети Димитриј“ во с. Безово, Струга.
На 01.08.2026 година (сабота), во денот кога Светата Црква го празнува споменот на преподобната Макрина и преподобниот Диј, во храмот „Свети Димитриј“ во с. Безово, Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе започне чинот на осветување на храмот, под началство на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Веднаш по завршувањето на чинот на осветувањето ќе започне светата архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Со радост ги покануваме сите благочестиви верници на ова духовно торжество за заедно да го прославиме Бога и молитвено да Му заблагодариме за новоосветениот храм.



