На 11.06.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка.
Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер.










