Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

,,Ете, пролетта на благодатта болсна, Христовото воскресение им засветли на сите, а со него сега свети и сепразничниот и светлоносен ден на мечникот Георгија. Дојдете сите, носејќи свеќи, божествено и светло да празнуваме.”1

На 06.05.2026 година, во денот кога ги прославуваме Преполовение и споменот на светиот великомаченик и победоносец Георгиј, како и именденот на нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Георгиј, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Митрополитот Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

Од името на свештенството, монаштвото, како и на сиот верен народ од нашата Епархија, му го честитаме именденот на нашиот духовен водач, Митрополитот Георгиј, со искрени прозби и молитви кон нашиот Спасител, уште многу години да го укрепува во неговата архиерејска служба, да му дарува добро здравје и мудрост, та да нѐ раководи сите нас по патот на спасението.
На многаја лета, Високопреосвештен Владико!

Христос Воскресе!


  1. Седален од Утрената богослужба на св.вмч. Георгиј Победоносец. ↩︎
Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК