,,Вистината на пролетта засветли, и тварта ја обновува, со благочестивото познавање на Животодавецот Христа. Затоа, јасно просветлен во разумот, страдалецот Георгиј ја порази непријателската лоша намера.”1
Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија Ве поканува на молитвено торжество по повод еден од највеличествените настани во нашата епархија, во чест на св. вмч. Георгиј Победоносец, како и по повод именденот на нашиот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Георгиј.
Празнувањето на споменот на св. вмч. Георгиј ќе започне во градот Охрид, каде што ќе биде отслужена света архиерејска Литургија во истоимениот храм, посветен на великомаченикот, „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид.
Како и секоја година, така и оваа, наредниот ден ќе има целодневно молитвено торжество во градот Струга, каде што со радост ќе можеме да се поклониме на светите мошти на великомаченикот и да го испросиме неговото молитвено застапништво пред Бога за нас.
Во пресрет на овој велелепен настан, богослужбениот распоред е следниот:
06.05.2026 година (среда)
07:30 часот – Утрена богослужба
08:45 часот – Пречек на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј
09:00 часот – Архиерејска Литургија
07.05.2026 година (четврток)
07:30 часот – Утрена богослужба
08:45 часот – Пречек на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф
09:00 часот – Архиерејска Литургија
13:00 часот – Пречек на моштите на св. вмч. Георгиј Победоносец од манастирот во Рајчица
16:00 часот – Вечерна богослужба, по чие завршување ќе следи литијата
По завршувањето на литијата, ќе следува културно-уметничка програма во дворот на храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга.
Повелете сите да земеме што побројно и пораспеано учество и торжествено да го прославиме патронот на градот Струга, нашиот небесен покровител, св. вмч. Георгиј Победоносец, како и именденот на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

- Стихира од Вечерната богослужба на св. вмч. Георгиј ↩︎






