„Откако се покажа како љубител на Господа, и крстот го зеде на рамо, си Го следел Него и животот си го завршил; Евангелието си го објавил јасно и вистински, во Охрид си ги просветлил сите народи; затоа, удостоен со божествени венци, си примил смелост, преславен ерарху! Поради тоа те повикуваме: Моли се на Христа Бога, да ни даде прошка на гревовите, нам кои со љубов го празнуваме твојот свет спомен.“1
Споменот на светиот свештеномаченик Еразмо и оваа година беше свечено одбележан во нашата епархија. Како и секоја година, така и оваа, илјадници верници зедоа молитвено учество во одбележувањето на споменот на овој голем светител, чиј култ не престанува да расте во Охрид и Охридско.
По тој повод, празнувањето на споменот на Охридскиот чудотворец започна со Вечерна богослужба на 14.06.2026 година, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Празнувањето продолжи наредниот ден, на 15.06.2026 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.













































- Седален од Утрената богослужба на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски. ↩︎






