„Нѐ посети од висините нашиот Спасител: Он е Сонцето Кое изгрева и е посветло од секое сонце; а ние, кои сме во темнина и смртна сенка, ја најдовме Вистината, зашто Господ се роди од Дева.“ 1
На 07.01.2026 година, денот кога нашиот Спасител Христос се раѓа по тело од Пресветата Дева, на денот кога Словото стана тело и Беспочетниот влегува во времето, на пресветлиот празник на Рождеството Христово – Божик, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и Божикното послание, испратено до сите верни чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.
Христос се роди!
Навистина се роди!





























- Светилен на Утрена на Рождество Христово – Божик. ↩︎






