Божик за најмладите

Христовото Рождество е радост за секое срце и душа, но најголема радост секогаш носат оние најчисти по срце – децата.

На 07.01.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, организираше свечен прием за најмладите дечиња од Епархијата. Детскиот восклик „Христос се роди!“ и оваа година одекна во Дебарско-кичевската епархија, носејќи светлина и насмевки на сите присутни. Со оваа радосна вест, најмладите за прв пат го поздравија Неговото Високопреосвештенство, Дедо Георгиј, кој со голема љубов и внимание им возврати на детската радост и им подари божикни пакетчиња.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК